• Latest

Џејмс Рубин во Скопје ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите

April 11, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Џејмс Рубин во Скопје ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите

April 11, 2023 09:11
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите, пренесе МИА. 

Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден оти Црна Гора повеќе нема да се сврти кон Белград и Москва.
На брифинг со новинарите изрази и уверување дека борбата против дезинформациите ќе биде приоритет на новата влада во Црна Гора.
Рубин, како што пренесуваат црногорските медиуми, оцени дека ќе биде тешко да се постигне напредок на Западен Балкан, ако руските дезинформации доминираат на тој простор.
Посочи дека во Црна Гора има голем број портали кои шират дезинформации од Русија и Кина.
– На пример, информациите дека во Украина има фабрика за производство на биолошко оружје се лажни. Исто така, лага е дека САД сакале војна во Украина, рече Рубин.
Покрај Црна Гора, тој неделава ќе ги посети и Северна Македонија и Албанија за да разговара за борбата против руските дезинформации, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
 
– Во Подгорица и Скопје, специјалниот пратеник Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите против дезинформација. Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, соопшти Стејт департментот.
 
За време престој во Тирана, пак, предвидено е да има да има средба со американските амбасадори од Западен Балкан.
Џејмс Рубин беше назначен на должноста специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, од државниот секретар Ентони Блинкен во декември 2022 година.
Има 35-годишна кариера во надворешната политика. Работел како дипломат, политички советник, коментатор, професор и репортер.
Рубин беше портпарол на Стејт департментот за време на војната на Косово, а до 2022 година и помошник државен секретар, за време на мандатот на Медлин Олбрајт, во администрацијата на претседателот Бил Клинтон.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ