• Latest

Грковска – Зибери: Ефикасната заштита на правата на граѓаните е приоритет

April 13, 2023

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Грковска – Зибери: Ефикасната заштита на правата на граѓаните е приоритет

April 13, 2023 13:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари работен состанок со народниот правобранител Насер Зибери на кој се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа институција, но и за начините како тие да се надминат.

 
Вицепремиерката Грковска, како што соопшти нејзиниот Кабинет, го информираше народниот правобранител Зибери за координативните активности што ги презема нејзиниот Кабинет, со цел да се обезбеди поефикасна имплементација на Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, подготвен од Европската комисија.
 
-Таа оцени дека е многу важно заеднички, низ координативен процес сите институции да работат на имплементација на препораките од Европската комисија, а со тоа и да се надминат системските слабости, се наведува во соопштението.
 
Двајцата соговорници разговарале за потребата да се пристапи кон измена на законската рамка која се однесува на Народниот правобранител како институција, која ќе овозможи усогласување на правната рамка со париските критериуми и венецијанските начела, пред се во поглед на нејзината финансиска независност.
 
-На состанокот стана збор и за соработката што Народниот правобранител ја има со останатите институции, со цел да се обезбеди ефикасна заштита на правата на граѓаните, при што беше нагласено дека веќе се надминати проблемите со посетите на казнетите установи, со кои Народното правобранителство порано се соочуваше, се вели во соопштението.
 
Вицепремиерката Грковска и народниот правобранител изразиле подготвеност наредниот период заеднички да работат на надминување на предизвиците со кои се соочува оваа институција.

Фото: Влада
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ