Украинското воено разузнавање направило планови да изврши тајни напади врз руските сили кои дејствуваат во Сирија со помош на Курдите, покажуваат објавените документи на американското разузнавање, објави Вашингтон пост.
Се чини дека плановите биле насочени кон руската и поддржана од Кремљ платеничка група Вагнер, која е активна и во Украина и во Сирија.
Плановите беа прекинати од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но протечените документи, датирани кон крајот на јануари, го детализираат можниот план за акција што главната дирекција за разузнавање, воената разузнавачка агенција на Министерството за одбрана на Украина, можеше да ги преземе за да изврши напади.
За време на планирањето во декември, се наведува во документот, офицерите на украинската воена разузнавачка служба претпочитале да ги нападнат руските сили користејќи беспилотни летала и да започнат со „мали“ или евентуално ограничување на нивните напади само на силите на платеничката група Вагнер.
Протечените документи се дел од мноштвото доверливи досиеја на американската војска и разузнавање кои се појавија на социјалната мрежа Дискорд.
На 13 април, САД уапсија 21 годишен војник во Националната гарда на Масачусетс кој служел во военото воздухопловство со ранг авиотехничар (airman), осомничен за обелоденување на документите.
Друг протечен документ сугерира дека Кина го одбила барањето за оружје од Вагнер, објави Фајненшл тајмс на 20 април.
Сепак, од почетокот на јануари, Кина не му доставила на Вагнер никакво оружје – „ниту за тестирање“ – ниту пак била во контакт со платеничката група, пишува Фајненшл тајмс.
Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг на 14 април изјави дека неговата земја нема да продава оружје на ниту една страна од руско-украинската војна.
Ние не доставивме и нема да им испорачаме оружје на страните во конфликтот, истакна Чин по средбата со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг.
Тој додаде дека стоките со двојна употреба, што можат да се користат и за цивилни и за воени цели, се контролирани со закон.
– Улогата на Кина во Украина е да промовира помирување и да ги забрза мировните преговори. Нема да продолжиме да долеваме масло на огнот, посочи Чин.
Подготви: Ј. Ѓ.
Извор: FRONTLINE