• Latest
Вагнер во Сирија (фото извор: Almasdarnews)

(Дискорд, протечени документи) Украина планирала напади врз руските платеници Вагнер во Сирија, Кина одбила да им даде оружје на Вагнер

April 21, 2023
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(Дискорд, протечени документи) Украина планирала напади врз руските платеници Вагнер во Сирија, Кина одбила да им даде оружје на Вагнер

April 21, 2023 10:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Вагнер во Сирија (фото извор: Almasdarnews)

Вагнер во Сирија (фото извор: Almasdarnews)

Share on FacebookShare on Twitter

Украинското воено разузнавање направило планови да изврши тајни напади врз руските сили кои дејствуваат во Сирија со помош на Курдите, покажуваат објавените документи на американското разузнавање, објави Вашингтон пост.

Се чини дека плановите биле насочени кон руската и поддржана од Кремљ платеничка група Вагнер, која е активна и во Украина и во Сирија.

Плановите беа прекинати од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но протечените документи, датирани кон крајот на јануари, го детализираат можниот план за акција што главната дирекција за разузнавање, воената разузнавачка агенција на Министерството за одбрана на Украина, можеше да ги преземе за да изврши напади.

За време на планирањето во декември, се наведува во документот, офицерите на украинската воена разузнавачка служба претпочитале да ги нападнат руските сили користејќи беспилотни летала и да започнат со „мали“ или евентуално ограничување на нивните напади само на силите на платеничката група Вагнер.

Протечените документи се дел од мноштвото доверливи досиеја на американската војска и разузнавање кои се појавија на социјалната мрежа Дискорд.

На 13 април, САД уапсија 21 годишен војник во Националната гарда на Масачусетс кој служел во военото воздухопловство со ранг авиотехничар (airman), осомничен за обелоденување на документите.

Друг протечен документ сугерира дека Кина го одбила барањето за оружје од Вагнер, објави Фајненшл тајмс на 20 април.

Сепак, од почетокот на јануари, Кина не му доставила на Вагнер никакво оружје – „ниту за тестирање“ – ниту пак била во контакт со платеничката група, пишува Фајненшл тајмс.

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг на 14 април изјави дека неговата земја нема да продава оружје на ниту една страна од руско-украинската војна.

Ние не доставивме и нема да им испорачаме оружје на страните во конфликтот, истакна Чин по средбата со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг.

Тој додаде дека стоките со двојна употреба, што можат да се користат и за цивилни и за воени цели, се контролирани со закон.

– Улогата на Кина во Украина е да промовира помирување и да ги забрза мировните преговори. Нема да продолжиме да долеваме масло на огнот, посочи Чин.

Подготви: Ј. Ѓ.

Извор: FRONTLINE

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ