• Latest

Синдикатите со одделни протести ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот, барањата исти

May 1, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Синдикатите со одделни протести ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот, барањата исти

May 1, 2023 09:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со барања за зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори, денеска синдикатите ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот. Најавени се одделни протести на двата најголеми синдикати во земјава.

Под мотото „Работниците се државата“, Сојузот на синдикати на Македонија ќе го почне протестот точно напладне пред зградата на ССМ, а ќе го заврши пред Владата, а Конфедерацијата на слободни синдикати под мотото „За правда, за еднаквост“ ќе протестира два часа порано со крајна дестинација пред Владата., пренесува МИА.

За синдикатите е неприфатливо платите на работниците да не бидат зголемени кога се овозможува зголемување на платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд. Нелогично е, велат тие, во време на инфлација да се укинуваат одредби од Законот за плати на функционерите со кои се овозможува зголемување на нивните плати, а од друга страна да нема зголемување на платите на работниците.

– Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството, велат од ССМ.

Првомајскиот протест, според ССМ, е единствен начин власта да го слушне гласот на работникот затоа што, како што велат, носителите на законодавната и извршната власт и работодавачите немаат слух за проблемите на работниците. Протестите, најавуваат, дека ќе продолжат со засилено темпо и по 1 Мај.

Првомајските протести годинава ќе поминат и во знакот на барањето за почитување на правото за пристојно работно време кое произлезе по најавите за 60-часовна работна недела како дел од пакетот закони кои се во собраниска процедура, а се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д. Синдикатите реагираат на ваквите законски одредби и бараат нивно повлекување бидејќи, според нив, со тоа се прави обид да се погази фундаменталното право за пристојно работно време за кое се изборија работниците со штрајкот организиран во Чикаго во 1886 година.

Ставот на Владата е дека законските измени се однесуваат само за инфраструктурни проекти и дека ќе се бара согласност од работникот за продолжено работно време.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот изјави дека законските измени не предвидуваат 60-часовна работна недела, туку прекувремена работа која ќе биде платена за секој одминат час.

– Прекувремена работа која што ќе биде платена за секој час одминат на работа на работникот и обезбедување на сите меѓународни стандарди што се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа на работниците. Во овој случај, градежните работници ќе добијат најголема заштита во делот на безбедноста и заштита при работа. Ако работат прекувремено, траењето на прекувремената работа ќе зависи најмногу од временските услови. Во пролет и лето можат да работат подолго од она што е во моментот превидено, но, ќе видиме колку ќе биде горната граница за прекувремено, рече Тренчевска.

Пред синдикатите останува и битката за потпишување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со кој меѓу другото се бара враќање на правото за исплата на регрес за годишен одмор во јавниот сектор, популарниот К-15, исто како и во приватниот сектор.

Поддршка на синдикалните протести најавија и од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) од каде велат дека е крајно време да се обединат сите синдикати.

Први мај како Меѓународен ден на трудот е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува секоја година во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден.

Во знак на почит кон жртвите, Втората интернационала на основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 1 МајМеѓународен ден на трудотПротестисиндикати
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ