• Latest

Судскиот совет треба да избира нов претседател

May 2, 2023

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судскиот совет треба да избира нов претседател

May 2, 2023 09:51
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет денеска на седница во 11 часот треба да гласа за избор на нов претседател, откако доскорешната претседателка Весна Дамева беше разрешена во средата, во тензична атмосфера и според мислење на експерти, во незаконска постапка. Директен повод за смената беше нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, предлог кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот.

Првично беше најавено дека наследникот на Дамева ќе биде избран ден по нејзиното разрешување, но заменик-претседателот на Советот Адеми во четвртокот побара одлагање на изборот за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови.

Разрешената претседателка Дамева произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата рече дека се надева оти „во наредните денови ќе има доволно време да се обезбеди потребното мнозинство“.

Таа не одговори на прашањето на опозициските пратеници дали ќе поднесе оставка од морални причини по одлуката на Уставниот суд и нејзините врски со власта, ниту пак дали се истражени наводите

– Мене ми е навистина непријатно што ова се случува. Иако морам да бидам искрена, како што сум била секогаш, дека очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување без спроведена каква било постапка, понатаму на некој начин ќе се легализира, коментираше Дамева.

Коалицијата „Сите за правично судење“ за седницата на Судскиот совет на која беше разрешена Дамева изготви извештај во кој меѓу другото се наведува дека престанок на мандат, во смисла на разрешување, може да постои само како резултат на сторена дисциплинска повреда согласно членот 34 од Законот за Судски совет, за што мора претходно да биде спроведена дисциплинска постапка согласно членот 35, односно да биде поднесено формално образложено барање поткрепено со докази, доставено од кој било член на Советот или најмалку 20 судии.

За разрешувањето на Дамева, но и за општата состојба во судството, реагираа и претседателот Стево Пендаровски, Министерството за правда, пратеници во Собранието, ДКСК, како и правни експерти. Разрешувањето на Дамева за експертите во правосудството претствува непочитување на процедурата и Деловникот.

Викендов за случајот се произнесоа и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и поранешната врховна судика Вера Коцо.

Грковска оценува дека наместо да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството, што е една од основните функции на Советот, од таму „се манифестира прекршување на процедурите и постапките во самото работење на Советот, што е срамно не само за нив туку и за државата“.

– Телото кое е задолжено да ја оценува работата на судиите и судовите во земјава, мора да биде пример за професионалност и законито работење. Јавно прашувам, со кој кредибилитет ќе продолжи ваквиот Судски совет да носи одлуки? Кој би бил нивниот кредибилитет како судии? Уште повеќе, очекувам надлежните институции да покренат постапки на повеќе нивоа, зошто одмолчувањето и игнорирањето ќе значи сериозно дерогирање на целото општество, додава Грковска

Поранешната врховна судијка Коцо случувањата во Судскиот совет ги оцени како аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми.

Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми, изјави поранешната врховна судијка Вера Коцо. 

– Како успевала (Дамева) да ги менаџира состојбите во Советот, јас не знам. Но, ова што се случи e недозволено. Не е дозволено од страна на нејзиниот заменик, да си земе за право во нејзино присуство да го преземе водењето на седницата, да нафрлува работи кои не се испитани и наједноставно да ги повика присутните да гласаат за нејзино разрешување. Со кое право? Немаше такво право, од причина што со Законот за Судски совет не е предвидено разрешување на претседател на Судскиот Совет., рече Коцо во интервју за Радио Слободна Европа, подвлекувајќи дека нема законска одредба во таа смисла, а самата седница како што беше изведена била сосема непристојна и надвор од сите законски решенија.

Демократскиот сојуз, пак побара членовите на Судскиот совет да поднесат оставки, а како причина ги наведе актуелните случувања, но пред сѐ, додадаваат, некредибилниот судски систем и недовербата на граѓаните во судиите (само 3 отсто од граѓаните имаат доверба во судиите), како и намерното застарување на голем број тешки судски предмети, сомнежите за корупција од големи размери и целосната парализа на владеењето на правото и правниот систем. По констатирањето на оставките треба да започне постапка за избор на нови членови на Судскиот совет, се наведува во соопштението на ДС.

-Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот сист

Писмото што ја разбранува јавноста и правосудната власт, американската амбасадорка Агелер го испратила на 11 април годинава до судските и извршните органи. Во него таа изразува загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили.

Од Министерството за правда потврдија дека на адреса на ресорниот министер Кренар Лога „стигнал допис во однос на работата на апелационите судови, кој што дополнително ќе се анализира“. Покрај до министерот за правда Лога, писмото било испратено и до шефот на дипломатијата Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд – Скопје и до неколку основни судови.

Скопскиот Апелациски суд изминатиов период одлучи да укине неколку првостепени пресуди и да ги врати на повторно судење. Дел од нив се однесуваа на пресуди за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за случаите „Титаник 2“ и „Таргет-Тврдина“, како и за првостепените пресуди за „Трезор“ и за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ