• Latest

Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

May 2, 2023

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

May 2, 2023 09:53
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ ќе биде отворено на 18 мај, а трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија.

Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и соработува со еден од најрелевантните промотери на музика во земјава – „Аудиокултура“.

Во четврток на 18 мај, на малата сцена во Филхармонија, фестивалот ќе биде отворен со настап на Дамир Имери Трио, тивка легенда на современата македонска музика. Тромбонист и мултиинструменталист, човек кој првите десетина години од својот работен век ги минува во МРТ, каде соработува со уметници од форматот на Драган Ѓаконовски – Шпато, Александар Џамбазов, Илија Пејовски… Настапувал на сите музички сцени низ земјава и соработувал со истакнати светски познати музичари: Душко Гојковиќ, Реј Чарлс и Џани Басо. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Александар Ванчовски. Мајсторски третираат современ џез според сопствените афинитети и се добро познати во пософистицираните музички кругови.

Истата вечер, на фестивалот ќе настапат и Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара. Гостувањето на Перфорто на „Крај Вардарот Џез Фестивал“ е поддржано во рамките на европскиот проект „МОСТ“ во програмата за размена на фестивали и се реализира во соработката со Катовице ЏезАрт Фестивал од Полска.

Перфорто е жичано дуо за електрична гитара и пијано, а користат и дополнителни инструменти од дрво, метал, хартија и други материјали. Во импровизацијата ги истражуваат физичките карактеристики на звукот, како што се висината, темброт, интензитетот и неговите последици во временска линија. Интензивно, деликатно, продорно и радикално музичко доживување.

Во петок на 19 мај, во лобито на кино Фросина – МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“.

Од 21 часот во киното Фросина ќе се реализираат два концерти, на Букршлиев/Томевски и Кондовски/Дробицки од нашата држава. Соработувајќи долги години како композитори и изведувачи во повеќе македонски џез ансамбли, Филип Букршлиев и Благојче Томевски успеаја да развијат телепатска вештина за музичка комуникација, благословена од необичната звучна палета, формирана од инструментите што ги користат: бас кларинет и гитара.

Во оваа прилика ќе го промовираат материјалот од албумот „Something Lonely in the Bone“. Настапот на „Кондовски/Дробицки“ е логична прогресија на нивните чести соработки, што резултираше со неколку изданија на ПМГЏез. Владан Дробицки (тромбонист) е еден од водечките џез музичари во земјата, додека Глигор Кондовски (виолина, електроника) исцртува езотерична фигура, лизгајќи се помеѓу класика, експеримент, џез, фотографија и филм.

Во сабота, во денсинг салата на МКЦ, ќе настапат „Ларта“, проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ, кој, минатата година за „ПМГ Џез“ издаде прв самостоен албум „Fragments“, во соработка со долгогодишните пријатели Ѓоко Максимовски – бас, Васко Бојаџиски – саксофон и Владан Дробицки – тромбон. Милосављевиќ е еден од најистакнатите тапанари во регионов. Соработува со врвни и познати музичари и уметници, како „Сетстат“, „Кабадајас“, „Алшар“ – проект на Никола Коџабашија, „Беневентан трио“ и „Инфјус“. Милосављевиќ е еден од основачите на „Skopje Drum Talks“, првото здружение за едукација и поддршка на тапанари во земјава.

Фестивалското издание ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui) од Хрватска, загрепски квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, електроника и рокенрол. Уште со првиот албум од 2012 година, обезбедија култен статус на хрватската музичка сцена. Во 2017 снимија албум со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и композиција со легендарната дива Јосипа Лисац.

Досега имаат издадено шест студиски албуми. Седум пати се закитија со најпрестижната хрватска музичка награда „Порин“ во различни категории, и четири пати со наградата на независните музичките новинари Рок&Оф. Работат и музика за театар и за филм. Чуи ќе настапи во состав Тони Старешиниќ (клавијатури и електроника), Војкан Јациќ (саксофон и електроника), Иван Левачиќ (тапани) и Конрад Ловренчиќ (бас). Досега имаат настапувано на сите големи џез и рок фестивали низ Хрватска и Европа. Хрватската музичка критика ги доживува како моментално главна концертна атракција во нивната земја.

За затворањето на фестивалот, по 23 часот предвидена забава со ПМГЏез диџеј сет на Мирко Попов, во лобито на киното Фросина.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура. Фестивалот се реализира во соработка со МКЦ и Филхармонија, а негови партнери се Аудиокултура и Божиновски часовници и накит.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ