• Latest
Војо Маневски

Трета смена

May 9, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Трета смена

May 9, 2023 09:31
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Секогаш кога се спомене трета смена ми се наметнува заклучокот дека се работи за промена на нормалниот однос меѓу работата и одморот. Да, одамна е одредено дека човек може да работи седум-осум часови и да одмара толку, а да му остане една третина да биде општествен чинител или да потврди дека е дел од социјалната заедница, а не само производител на материјални добра кои денес интелектуално се нарекуваат БДП.

Знам дека мојот застарен начин на размислување не ги разбира денешните економски императиви на продуктивноста и заклучоците ми се застарени. Сепак, оној поим именуван како трета смена поттикнува кај мене чувство за  постоење на непочитување на човечката природа, неговите потреби да се сообрази со законитостите на планетава и нејзините правила. Утро, кога сонцето те буди, пладне кога треба да се пладнува, а квечерината се испраќа со надеж дека следното утро ќе биде подобро. Ако има две смени за кого е наменета третата? Сѐ си мислам дека таа неприродна смена е наменета за враќање на долговите кои се направени, а притоа се облечени во свечена облека на празни ветувања на политичките елити. Таа трета смена е нашиот заостанат долг на заблудите, дека ќе ни биде подобро а него ќе го донесат оние што никогаш не се дел од добрите или подобрите.

Влегуваш во процесот мелење на човечката природа кога истата ти наложува да го смириш организмот и да се подготвиш за утрешното изгрејсонце, а себеси се правдаш дека си само дел од системот кој мораш да го почитуваш или ти претстои пропаст. Се отвораат портите и влегуваш во процесот наречен „трета смена“ што всушност е враќање на кредитот за сопствените заблуди и најчесто лесно поклонетата верност на некој што ти ветува дека ќе работи во твоја корист, а попат онаа заменка „твоја“ лесно ја претвора во „своја“.

Третата смена не се опишува, таа се доживува. Се впива во сетилата кога застанеш пред автобусите што ги носат третосменците кога се враќаат од работа. Лица издолжени и побркани поздрави – добро утро Стојане, му посакуваш на третосменецот, а тој само го проголтува поздравот зошто во светот на третосменците тоа истовремено е и лека ноќ пријателе. Спиење кога денот повикува на денување, а изминатата ноќ те влече на спиење. За едните е нов ден, а за третосменците е нешто што треба да се отспие за да се дочека новата трета смена.

Е мои почитувани сограѓани, не ми замерувајте на потемнетите мисли! Само се обидувам да разберам во која смена сме ние кои што верувавме во идеали, во програми, во намери или во лидери. Во која смена сме ставени?

Во смената која ги троши деновите како ореви што се кршат, а цело време виси стравот дали внатрешноста на оревот е иструлена. Е сограѓани од прва, втора и вие од трета смена, дојде време кога некои од теориите за кои сметавме дека се само покритие за нечија власт почнаа да се потврдуваат. Марксовите тези во Капиталот се суштинска анализа на односот меѓу сопствениците на капиталот и поседувачите на сили, компетенции, знаење и намера своите способности да ги потврдат. Се разбира за тоа сакаат дел од разликата на додадената вредност, меѓу цената на производот и цената на трудот. Се кладам дека одамна не сте ги прочитале овие дефиниции и тоа само затоа што не се коњунктурни во новото безидејно, а наивно крстено општество како процес на транзиција. Премин од што во што? Од каде до каде и од кога до кога?

Во политичка смисла на репрезенти на граѓаните нема трета смена, дојде време за потребата од поквалитетна смена, а не за листи и редоследи на листите. Овде не смее да има трета смена како обично искористување на граѓаните, без да се пресмета нивниот влог и да им се плати за нивниот труд што го вложуваат во време кога тоа е спротивно на природата на човекот како природно битие. Да поддржуваат нешто во кое имаат само надеж, а не и реални основи за реализација. Она што ќе го преставете како политичка програма господи политичари, добро осмислете го зошто довербата на граѓаните е цената на нивната политичка волја и таа треба да биде платена. Овде сите граѓани се прва смена зошто за нив веќе нема замена. Ако тоа не е јасно секоја понатамошна презентација е само губење на драгоцено време.

Сите споровозечки новинари имаат проблем со рационалноста на просторот. Сѐ им е прекратко за да се доискажат. Лек е третата смена и копнежот да се заврши некаде таму пред утрото и да се започне замената на ноќта со ден.

А намерата ми беше да го изразам својот страв дека сме заедница која е пред опасност од пропаѓање или што е уште полошо од постепено трулење како орев во влажна година.

Господо сопственици на капиталот, на финансиите, на политичката моќ! Ако сте во дилема дали ни е потребно пазарно стопанство, однапред регулиран однос меѓу капиталот и трудот, а државата само како нужна рамка на гарант на тие односи, немојте да се двоумите. Искористете ги вашите сегашни влијанија за тој концепт. Ќе бидеме на чисто, кој колку е неопходен. Дали инвестициите се исплатливи на среден и подолг рок ако нема добра политика за нивна ефектива со човечки труд и знаење. Машините сами засега уште не работат ,потребна им е човечка помош.

Новите општествено економски договори каде државата е покровител на сѐ и сешто само ќе ја зголеми цената на крајниот производ, а тоа е функционална  заедница, местото  постоечката нефункционалност.

Социјални програми засновани на партиски волунтаризам не се макроекономска политика туку отворен повик за корупција или ерозија на општествениот производ на криминален, а пред сѐ на неморален начин. Општество кое е организирано врз основи на неморал и незаконие кое не е засновано на општо-прифатлив морал не е држава, туку провизориум што е како разлика меѓу шупа и куќа. Куќата е дом за семејството а шупата е простор за складирање на алатите.

Не ни е потребен нов општествен договор зошто тоа е договор меѓу нерамноправни страни со судија кој е на страната на помоќниот. Дали сме за шок терапија или за постепено лечење на пациентот? Со шок терапија пациентот има шанси да преживее и да се ослободи од болеста или да ја прекрати агонијата и— ја напушти трката со живот. Со разните терапии на постепеност пациентот секако ќе премине, само агонијата ќе му биде подолга и поднослива, а за цело време зависен од лекарите и трeвaрите што катаден смислуваат нови лекови. Најважното е што нема да се излечи, таа терапија такви резултати дава, постепен пат кон неизбежното.

Тешка си како трета смена, беше некогашен опис за работната ангажираност, денес е дијагноза за општествената состојба. Од трета смена полошо е немањето на смена. А кога нема да отиде смената кој ќе го тера процесот на производство? Ако не ги поддржиме лошите политички понуди до каде ќе стаса политичкиот процес? Без работници нема производство, а без самосвесни граѓани нема успешно организирано општество. Ако нѐ стават во трета смена, денот ќе биде нивен и сончевата светлина ќе биде за нив. Ние со месечината и темнината ќе се дружиме, а ќе ја преспиваме дневната виделина.Ќе бидеме два света на иста заедница. Ако нема добра политичка програма и реални проекти нема гласање и ако нема добра плата нема ни прва ни втора, а посебно нема трета смена. Делбите се направени, барикадите се исцртани, сега останува да бараме мостови на заеднички интерес. Нема таков мост што ќе ги премости платите на работниците и избраните политичари после покачувањето од 78%. Мора да се бара друго плитко, а здраво место за нов мост меѓу новите класи во општеството.

Овој текст го пишував како мој став во дебатата која ја поттикна господин Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора. Ако не дебатираме ќе молчиме или ќе се претвориме сите во Трета смена.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ