• Latest

Во Брисел продолжува скрининг агендата со Поглавјето 19 „Конкурентност и инклузивен раст“

May 10, 2023

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говор по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Брисел продолжува скрининг агендата со Поглавјето 19 „Конкурентност и инклузивен раст“

May 10, 2023 13:56
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел деенска продолжуваат скрининг состаноците од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, со Поглавје 19 „Социјална политика и вработување“. Состанокот со воведни излагања го отворија претставниците од Европската комисија и заменичката на главниот преговарач и државна секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили.

Таа кажа дека Поглавјето 19 e комплексно и опфаќа неколку различни слоеви на општествениот систем кои се стремат кон постигнување на бројни социјални цели и систем на социјални права.

– Овие теми добиваат уште повеќе на важност во контекст на напорите за справување со последиците од бројните кризи и фокусирање на зелената и дигиталната транзиција. Впрочем овие напори неизбежно одат паралелно со градењето на праведни социјални општества, високи стандарди во работните услови, силна социјална заштита и инклузивност и системи на благосостојба, добро функционирање на пазарите на трудот и родовата еднаквост, рече заменичката на главниот преговарач, Абдиу-Халили во нејзиното воведно обраќање.

Билатералниот скрининг состанок го следи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, која пред Европската комисија посочи дека „еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивноста се во сржта на националните политики и македонското законодавство“.

Министерката се осврна на областа „Вработување и социјална политика“ која е динамична област и во континуитет се врши усогласување со европското законодавство и практики.

– Подготвивме нов Закон за работните односи, со кој се унапредува правната рамка за заштита на правата на работниците. Законот ќе биде усогласен со европското право и меѓународните трудови стандарди. Овој закон се подготвуваше низ широк процес на учество и консултации на сите релевантни субјекти, вклучувајќи ги организациите на работодавци и синдикатите, судии, академската заедница и останати засегнати страни, истакна Тренчевска.

Министерката зборуваше и за реформите во областа на социјалната вклученост и заштита, осврнувајќи се на социјалната помош, која е редизајнирана во гарантирана минимална помош, со цел да се задоволат минималните егзистенцијални потреби за сите што немаат доволно средства за живот, како и за инвестициите во детската заштита и обезбедување на поголема пристапност во предучилишно воспитание.

Билатералниот скрининг за Поглавје 19 ќе продолжи и во следните два дена, во кои претставниците на македонските институции ќе ја презентираат домашната законодавна и стратешката рамка во оваа област, институционалните капацитети и идните планови за понатамошно усогласување со европските стандарди во областите на трудово право, безбедност и здравје на работа, политиките за вработување, вклучително и вработувањето на младите, социјална заштита и вклученост, антидискриминација и еднакви можности.

Според скрининг календарот од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“ остануваат уште три поглавја, Поглавјето 26, „Образование и култура“, Поглавје 20, „Претпријатија и индустриска политика“ и 29, „Царинска унија“, кои ќе завршат првата недела во месец јуни.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ