• Latest

ФИТР: Почнува воспоставување на „MakerSpace“ лаборатории за истражување, креативност и иновации

May 17, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

ФИТР: Почнува воспоставување на „MakerSpace“ лаборатории за истражување, креативност и иновации

Од ФИТР додаваат дека „лабораторијата за сајбер безбедност и дигитална форензика ќе ја воспостави Универзитетот во Тетово, која ќе симулира професионална околина за дигитална форензика и сајбер безбедност и ќе биде опремена со опрема потребна за обезбедување и анализа на дигитални докази, без оставање трага од извршената анализа. Со овој проект ќе се едуцираат младите да спроведуваат форензички истраги на дигитални уреди со цел подобрување на безбедноста, да спречат злоупотреби во рамки на една компанија, да спроведуваат истраги на поранешни вработени, кражба на интелектуална сопственост, заканувачки е-маил пораки и слично“.

May 17, 2023 09:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Фондот за иновации и технолошки развој се потпишаа договорите за спроведување на четирите проекти на Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Универзитетот во Тетово и Здружение на граѓани „Македонско биолошко друштво” – Скопје, одбрани за кофинансирање во рамките на „Предизвик за воспоставување на лаборатории за истражување, креативност и иновации MakerSpace”, информираат денеска од ФИТР.

– Со воспоставување на четирите нови лаборатории, младите истражувачи и креативци од денеска добиваат нови современи лаборатории опремени со најнова технологија и опрема, каде ќе можат слободно да работат на своите иновации и креативни решенија. Овие лаборатории ќе претставуваат отворен простор, каде младите ќе имаат можност да соработуваат со приватниот сектор, високообразовните и научни установи, бизнис и невладиниот сектор, се наведува во соопштението.

Во писмената изјава на Фестим Халили, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, пишува дека навистина го радува тоа што „најновата инвестиција на ФИТР претставува голем чекор за македонското образование и наука, бидејќи од денес младите иноватори од целата држава ќе имаат можност своите иновации и вештини да ги развиваат во нови и подобри услови“.

– ФИТР како институција се фокусира на поддршка на иноваторите и претприемачите и континуирано работиме кон создавање на подобри услови за младите да имаат можност да ги стекнат неопходните вештини и искуства токму тука, во нашата земја. Со овој тип на активности, ФИТР значително придонесува кон воспоставувањето на четворен хеликс систем кој подразбира блиска соработка помеѓу академската заедница, индустрија, граѓанскиот сектор и јавниот сектор. Оваа соработка ќе овозможи подобро искористување на иновациските потенцијали во сите општествени сегменти и подобри услови за младите да ги унапредат своите вештини и потенцијал, смета Халили.

Како што се додава во соопштението, предизвикот „MakerSpace“ претставува „продолжение на пилот проектот „Fab labs“, преку кој создадовме механизам за воспоставување и поддршка на ваков тип на лаборатории. Преку овој предизвик, ФИТР со финансиска поддршка од 12 милиони денари ги поддржа трите проекти: ЦИРКО, ФЕИТ и ИНО ТЕХ КЛУБ Штип, кои веќе ги отворија вратите на младите истражувачи да работат на своите иновативни решенија“.

– Лабораторијата „Architecture craft lab (Fumihiko Maki)” е проект на Универзитетот на Југоисточна Европа, со цел да поттикне напредни истражувања поврзани со архитектонски дизајн, урбан дизајн, визуелизација на податоци, материјализација и дигитална изработка. Лабораторијата ќе претставува платформа за соработка помеѓу различните дисциплини на факултетот, поврзувајќи ја науката и уметноста преку експериментирање. Лабораторијата ќе биде отворена за студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, односно студентите од Факултетот за современи науки и технологии, како и други заинтересирани страни, вклучувајќи ги и средношколците, инспирирани да ги откријат придобивките од областа. Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип ќе ја воспостави лабораторијата за истражување, креирање и иновативност, „UGD Makerspace”, во која младите од 15 до 29 години, без разлика на нивниот статус, ќе добијат бесплатен пристап до најсовремена технологија и менторска помош, за да може да ги дизајнираат, развиваат и тестираат своите идеи до добивање на прототип. Лабораторијата „UGD Makerspace” ќе спроведува неколку програми: организирање на квалитетна и прилагодена пред-инкубаторска програма, програма MakeIt Talent, програма MakeIT BakeIT, програма MakeIT Equal. Лабораторијата ќе се фокусира кон неколку приоритетни сектори на интерес и тоа: поттикнување на иновации и циркуларна економија во рамките на индустријата за производство, поттикнување на иновации и зајакнување на циркуларната економија во секторот за AgriTech, поттикнување на иновации во секторот на мониторинг и заштита на животната средина и работната околина, се појаснува во соопштението.

Од ФИТР додаваат дека „лабораторијата за сајбер безбедност и дигитална форензика ќе ја воспостави Универзитетот во Тетово, која ќе симулира професионална околина за дигитална форензика и сајбер безбедност и ќе биде опремена со опрема потребна за обезбедување и анализа на дигитални докази, без оставање трага од извршената анализа. Со овој проект ќе се едуцираат младите да спроведуваат форензички истраги на дигитални уреди со цел подобрување на безбедноста, да спречат злоупотреби во рамки на една компанија, да спроведуваат истраги на поранешни вработени, кражба на интелектуална сопственост, заканувачки е-маил пораки и слично“.

– Здружението на граѓани „Македонско биолошко друштво” од Скопје ќе ја формира „Bio Maker Space” лабораторијата, која ќе биде концепирана како мултидисциплинарен комплекс, дизајниран да обезбеди комуникација помеѓу поединци и тимови и ќе овозможи стратешко споделување на опрема со цел да се забрза процесот на истражување, добивање нови сознанија и нивно презентирање. Лабораторијата ќе се фокусира на следните области: биоинженерство, 3D (био) печатење, продукција на храна со користење на in vitro технологија, истражување на метаболизмот на различни организми, екотоксикологија, електрофизиологија, молекуларна биологија, техники и постапки за in vitro култура на клетки и ткива, пишува во соопштението на ФИТР.

Фото: Архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ