Група новинари од македонски медиуми денеска ја посетија био гасната електрана “Био ентерпрајз” во општина Лозово. Централата е инвестиција на три компании, “Вентар инвест”, “АСП-ПАК” и “АГРИА”.
Вредноста на инвестицијата е 12 милиони евра и е со инсталиран годишен капацитет од 16. 640 MWh. Централата во редовно производство е пуштена во декември лани.