• Latest
Манифестација „Крушево-град на културата 2023“

Пред Македониумот свечено е отворена манифестацијата „Крушево – град на културата за 2023“

May 27, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Пред Македониумот свечено е отворена манифестацијата „Крушево – град на културата за 2023“

May 27, 2023 10:32
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Манифестација „Крушево-град на културата 2023“

Манифестација „Крушево-град на културата 2023“

Share on FacebookShare on Twitter

Со претставување на големиот македонски уметник, сликарот Никола Мартиновски во галеријата Мартиновски и со концерт пред Македониумот синоќа во Крушево беше официјално отворена манифестацијата „Крушево, град на културата“ под мотото „Крушево – жив тестамент на културата“. Манифестацијата беше отворена пред амбасадори, посетители, граѓани, пред пријатели на Крушево.

На Крушево му требаше само една формална титула за Град на културата, зашто Крушео, самото по себе е живописно, уникатно и е жив тестамент на културата на историјата, на нашиот идентитет. Оваа година славиме 120 години од Илинденското востание и Крушево уште еднаш ќе биде центар на вниманието, како што и заслужува. Оваа, ќе ја наречам круна, е само оддавање признание на сите вредности кои Крушево ги носи, изјави министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која и официјално ја отвори манифестацијата.

Таа нагласи дека „годинава Крушево ќе биде регионален и европски културен центар. Вреди во Крушево да се дојде барем еднаш оваа година, за да се проследи културната фузија на традиција и младост и да понесеме нови искуства кои ќе бидат темел на подобра иднина на нашето единственото Крушево“.

Градот ќе понуди околу 60 културни настани кои двојно ќе ја зголемат посетеноста на највисокиот историски и туристички град во земјава.

Низ цела година, започнувајќи сега официјално, имаме околу 60 настани, различни содржини, манифестации кои ќе ни се случуваат 365 дена. Имаме културни, историски, ликовни, музичко сценски настани, меѓународни натпреварувања, спортски настани кои пак ќе донесат многу посетители отсекаде кои ќе може да ги слушнат историските и културни приказни на Крушево. Ги имаме музеите, спомениците. Ги промовираме ликовите на големиот уметник Никола Мартиноски, на големиот Тоше Проески, ги имаме Македониумот, музеите, традициите. Сега очекуваме уште поголем број посетители да ги запознаеме со вредностите на Крушево, истакна градоначалникот Томе Христоски.

Двојно поголема посетеност очекува и директорот на Историски музеј од Крушево, Тома Тана.

Крушево е нашата историја. Имаме шест музеи, шест споменици на историјата и културата и очекуваме голема посетеност. Музеите постојано се отворени за посета и да ги раскажат приказните, изјави Тома Тана.

Концертот „Безвременска хармонија“ со евергрини пред Македониумот во чест на отворањето на манифестацијата „Крушево-град на културата“ го изведе Камерниот оркестар на Битола во придружба на хор и единаесет солисти.

Tags: град на култураКрушевоманифестација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ