• Latest
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026 11:48
in ВЕСТИ, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ПОЛИТИКА
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска ја започнуваат официјалната промоција на проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција. Настанот го означува почетокот на иницијативата која властите ја претставуваат како стратешка основа за дигитализација на јавниот и приватниот сектор во земјата.

Според официјалните податоци, финансиската конструкција на проектот изнесува околу шест милиони евра. Најголемиот дел од средствата се обезбедени како грант од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, додека остатокот се кофинансира од буџетот на Министерството за дигитална трансформација и од сопствени средства на ФИНКИ, кој е назначен за носител и главен координатор на активностите.

Инаку, „Везилка“ ќе функционира како ВИ антена, не ВИ фабрика, како што во дел од медиумите беше прикажан проектот, што значи дека е придружна единица на европската фабрика за вештачка интелигенција (AI Factory) „Pharos“, чие седиште е во Грција.

Надлежните тврдат дека преку оваа мрежа, на македонските истражувачи, државни институции и стартап-компании ќе им се овозможи пристап до европските суперкомпјутери и напредни податочни простори.

Според соопштението од Министерството, мисијата на идниот центар е дефинирана преку развој и примена на системи со вештачка интелигенција (ВИ) во пет приоритетни области:

  • Јазик и култура: Ова е наведено како примарен фокус, каде целта е системски развој на македонски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство, со цел намалување на зависноста од странски софтверски алатки.
  • Здравство: Се предвидува компјутерска анализа на здравствени податоци заради оптимизација на медицинските услуги.
  • Енергетика: Планирано е користење алгоритми за предвидување и оптимизација на производството и потрошувачката на енергија.
  • Јавна администрација: Проектот најавува автоматизација на одредени административни процеси и зголемување на транспарентноста.
  • Земјоделство: Најавено е воведување на т.н. „паметни технологии“ за современо и одржливо производство.

Покрај техничкиот аспект, од ФИНКИ и Министерството најавуваат дека „Везилка“ во иднина ќе функционира и како центар за обука и развој на човечки капитал, каде што допрва ќе се организираат тренинзи, практични проекти и едукативни програми.

Министерот Стефан Андоновски го опишува проектот како обид да се изгради систем, а не само да се спроведуваат краткорочни, „ад хок“ проекти, со цел земјата да стане активен партнер во европскиот технолошки простор.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ