НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата, откако вчера беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од Алијансата, објавија западните медиуми.
NATO Deploys Additional Forces to Kosovo Force
In response to recent unrest and the injury of 30 members of
NATO’s Kosovo Force, NATO has directed the deployment of the Operational Reserve
Forces (ORF) for the Western Balkans, which was on a seven-day readiness-to-deploy
status.— NATO JFC Naples (@JFC_Naples) May 30, 2023
Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста согласно нашиот мандат на Советот за безбедност на ОН, нагласи адмирал Стјуарт Б. Мунш.
Дополнителен мултинационален баталјон резервни сили доби наредба да го намали статусот на подготвеност за распоредување од четиринаесет дена на седум дена, со цел да биде подготвен да го зајакне КФОР доколку е потребно.
Сакам да го пофалам КФОР што презема брза, воздржана и професионална акција да се интервенира за да се запрат немирите и да се спасат животи. Насилството мора да престане и сите страни мора да престанат да преземаат дејствија за поткопување на мирот во која било и во сите заедници на Косово, наведе адмирал Мунш.
Тој додаде дека командата од Неапол внимателно ја следи ситуацијата во Косово и ќе продолжи да се координира со КФОР, за да се осигура дека ги имаат сите способности и сили што им се потребни за непристрасно да обезбедат безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници.
Г. Т.