ЉУБИША НИКОЛОВСКИ
Зошто лидерска средба сега, што има ново да му каже премиерот Ковачевски на опозиционерот Мицкоски, што сите други големи „ѕверки“ не му го кажале веќе!
Тој упорно го одбива тоа и вели нема да гласа за уставние измени.
Тогаш повеќе од јасно е дека Мицкоски доаѓа на средбата со друга агенда. Тој очигледно повикот за лидерска го смета како признавање на поразот на СДСМ и е спремен да разговара само за „што потоа“.
Ако е за „што потоа“ нема зошто да разговара со премиерот на тет-а-тет средба. Тоа е секако работа во рамки на телата на партијата.
Но имајќи го претходното искуство од ваквите средби, Мицкоски едвај ќе чека средбата да заврши за да може да биде опкружен од камерите и да го каже она што непрекинато го збори со месеци; избори, избори, избори, избори… што е навистина „боринг“.
Ковачевски од друга страна пак, ако сака да поентира, за Мицковски да не му ја „грабне“ средбата, најмалку што може да стори е барем да соопшти дека конечно има мнозинство за промените на преамбулата, за предлогот од работната група да влезе во собраниска процедура.
А ако таков податок навистина има, тогаш тоа нека му го каже на Мицкоски внатре, зад затворени врати, среде збор. Не мора да му ги каже имиња на пратениците кои се подготвени да го подржат европскиот пат на земјава. Тогаш не мора ништо да изјавува пред медиумите, нека го остави лидерот на опозицијата да зборува сам.
Ако не, уште од сега е јасно дека Ковачевски ќе нема што да одговара на новинарското прашање кое ќе биде само едно: Имате ли мнозинство или не? Евентуално уште едно: ќе има ли предвремени избори?
Ако одговорот биде ист како и досега, порано нека ја откаже средбата, зашто „ловориките“ ќе му ги собере Мицкоски, во најлош можен контекс. И така медимуите му се „лепат“ во последно време.
Има само уште две можни опции во кои е тешко да се поверува, но во македонската политичка историја барем една од нив се случила еднаш. А тоа е Ковачевски да му предочи на Мицкоски „силен аргумент кој овој нема да може да го одбие“.
Или пак на општа радост на сите граѓани, определени и неопределени, да најдат патриотско заедничко издржано решение со кое сите ќе бидат задоволни!!!!
Повеќе од ова просто е незамисливо да се случи.
извор: Frontline