• Latest

Петровска од Вермонт: Tридецениското партнерство со Националната гарда на Вермонт ја трансформираше нашата Армија и служеше како инспирација за силен развој

June 10, 2023
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска од Вермонт: Tридецениското партнерство со Националната гарда на Вермонт ја трансформираше нашата Армија и служеше како инспирација за силен развој

June 10, 2023 11:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на посетата на САД, министерката за одбрана Славјанка Петровска синоќа во Вермонт присуствуваше и се обрати на церемонијата со која беше одбележано 30-годишното партнерство меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, а со гувернерот на Вермонт, Фил Скот го потпишаа и свечениот документ кој го рефлектира ова тридецениско партнерство и посветеноста на Армијата и на Националната гарда на идните заеднички активности.

Пред три децении, нас не зближија нашата визија за единство и соработка, како и нашите заеднички вредности. Низ изминатите 30 години имавме импресивни резултати – организиравме над 350 активности, а врвот на меѓусебната доверба беше и заедничкото учество во мисијата во Авганистан во 2010 година. Ја видовме и трансформациската сила на соработката – како споделувањето на знаење, експертиза и ресурси доведуваат до иновативни решенија кои имаат долгорочно влијание, рече министерката.

Фокусирајќи се на идните можности, Петровска истакна дека особено денес кога се соочуваме со комплексни предизвици, мораме да останеме агилни, да се адаптираме на промените и да продолжиме заедно и здружени да изнаоѓаме решенија кои ќе ја зацврстат нашата колективна безбедност.

Чекорејќи во оваа нова фаза на нашето партнерство, ние мораме да бидеме и храбри и амбициозни во нашите цели. Постигнувањата од изминатите 30 години се пример за нашата отпорност и колективните капацитети. Сега е време да бидеме уште поодлучни и да ги поместиме границите на она што можеме да го достигнеме заедно, порача Петровска.

Таа им се заблагодари на генералот Најт и на генералот Ѓурчиновски и нивните претходници за нивната посветеност во развојот на ова партнерство, а признание им оддаде и на сите припадници на Армијата и на Националната гарда за нивната професионалност, одданост и посветеност кои го обликуваа меѓусебното партнерство.

Гувернерот на Вермонт, Скот истакна дека „низ годините, нашите армии соработуваа многу – со вежби во Северна Македонија и САД, со хуманитарна работа и со заедничкото учество во Авганистан во 2010, кога припадниците на Националната гарда стоеја рамо до рамо со Северна Македонија“.

Нивните споделени искуства и посветеноста на лидерите во одбраната беа исклучително важни за успехот на ова партнерство и ни помогнаа да ја изградиме оваа силна врска. Сакам да потенцирам неколку големи успеси во ова време кое го вклучува и членството на Северна Македонија во НАТО како 30-ти сојузник. Со тоа вие се приклучивте на најуспешната Алијанса во светот, а ние станавме поблиски, рече гувернерот Скот.

Во своето обраќање, началникот на Генералштабот, генералот Ѓурчиновски се заблагодари за 30-годишната поддршка од страна на Вермонт и додаде дека Армијата е целосно посветена на уште посилен развој на соработката и заедништвото со Националната гарда.

Во Берлингтон, министерката Петровска и гувернерот Скот имаа и одделна средба на која ја потврдија политичката поддршка за континуиран развој на партнерството помеѓу двете вооружени сили.

По церемонијата министерката Петровска порача дека треба да бидеме горди на успесите кои што се постигнати преку ова партнерство, особено во доменот на одбраната.

Преку градењето на националните капацитети, преку зајакнувањето на македонската Армија меѓутоа и преку градењето на вистински пријателства всушност се одразува она што е суштината на ова партнерство, рече Петровска, додавајќи дека соработката продолжува да се развива и во доменот на кризниот менаџмент, кибер-одбраната, како и други сектори.

Tags: 30 години партнерствоАрмијаВермонтНационална гардаСлавјанка Петревска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ