• Latest

ИСИЕ: Само 15% од јавните претпријатија ги исполнуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи

July 6, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ИСИЕ: Само 15% од јавните претпријатија ги исполнуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи

July 6, 2023 10:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ ги објави резултатите од „Студијата за процена на состојбите за постапување по пријави на укажувачи, транспарентност и отчетност на јавните претпријатија во Република Северна Македонија”. Истражувањето беше спроведено во периодот од декември 2022 – април 2023 година преку проект поддржан од Амбасадата на САД.

Во рамките на оваа студија направена е анализа на механизмите за прием и постапување по пријави на укажувачи во рамките на јавните претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа во четири плански региони (Источен, Пелагониски, Полошки и Скопски Плански Регион) за периодот 2020-2022 година. Исто така, во рамките на истражувањето беа опфатени и јавните претпријатија основани од државата (Владата), а коишто имаат седиште во рамките на општина во некој од наведените плански региони опфатени со истражувањето. Во оваа студија беа анализирани вкупно 44 јавни претпријатија од кои обезбедени се податоци за 43 претпријатија, додека од едно претпријатие не се добиени податоци. Исто така, во студијата беа опфатени 19 основачи (18 општини и Владата), од кои обезбедени се податоци од 17 основачи (16 општини и Владата), додека од два основачи не се обезбедени податоци.
Студијата покажа дека само 15% од 44 анализирани јавни претпријатија ги поседуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи, а истовремено само три од претпријатијата во период од 2020 до 2022 година примиле пријава од укажувач.
Дополнително, Студијата забележа и ограничени човечки капацитети со оглед дека од 44 јавни претпријатија, само 19 од нив имаат назначено овластено лице за постапување по пријави на укажувачи. Слабости се забележани и во делот на интерните антикорупциски процедури и практики. Па така, 23 јавни претпријатија немаат подготвено годишни планови за процена на ризици од корупција (или слични акти),  36 јавни претпријатија немаат акти за спречување на  судир на интереси и 37 јавни претпријатија немаат интерни акти за примање подароци на вработени во јавното претпријатие од трети лица.
Анализата на студијата е насочена кон оцена на: 1) техничките услови за постапување по пријави од укажувачи, кои се определени со Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во јавен сектор, 2) човечките капацитети кои се на располагање на јавните претпријатија, 3) процедурите за постапување по пријава од укажувачи и 4) односот на јавното претпријатие со основачот (општина или Владата).
Наодите од Студијата беа презентирани на посебни работилници организирани во Штип, Битола, Тетово и Скопје, во месец мај 2023 година на кои присуствуваа претставници на општини и советници во општински совети и совет на Град Скопје, претставници на  јавни претпријатија основани од општините, Градот Скопје и Владата и граѓански активисти. Студијата е достапна на македонски и албански јазик на сајтот на ИСИЕ.
Tags: амбасада на САДИСИЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ