• Latest

ДФРМ: Банана филм удира со лаги по филмските работници за да ги прикрие своите скандалозни злоупотреби

July 11, 2023

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

ДФРМ: Банана филм удира со лаги по филмските работници за да ги прикрие своите скандалозни злоупотреби

July 11, 2023 13:14
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Најостро реагираме и ги осудуваме обвиненијата за нашите членови Бранко Петровски и Игор Шокаровски како неточни и неосновани, креирани врз основа на манипулативни претставки, без никаква правна основа или поткрепа, соопштија денеска од ДФРМ.

„Друштвото на филмските работници на Македонија е единствено релевантно струково здружение од областа на филмот и аудио-визуелната дејност и од своето основање е силно посветено на спроведување на сопствените фундаментални принципи за рамноправност, транспарентост и бескомпромисно почитување на законите при аплицирањето и отчетот за користењето на средства од државните и европските јавни фондови.

Оттука, сметаме дека лажните и неосновани обвинувања кои се однесуваат на угледни членови на ДФРМ се креирани и се пропагираат со цел да се наштети на филмската фела и уметност, за одредени „актери“ да ја злоупотребат таквата ситуација за сопствена доминација и монопол во индустријата. Затоа, во име на честа на филмската професија и честа на филмските работници, бараме целосно расчистување на оваа бурлеска од обвинувања.

Бараме сите надлежни институции да ги проверат сите наводи пласирани во медиумите за работата на ДФРМ, за кои ние тврдиме дека се целосно неточни, непотврдени и измислени.

И во исто време, ја повикуваме Управата за финансиска полиција, Државната комисија за спречување на корупција, Основното јавно обвинителство – Скопје и Транспаренси интернешнл Македонија темелно да ги испитаат сите факти, индиции, документи и докази кои се однесуваат директно и индиректно на работата на продукцијата Банана Филм.

Бараме да се провери:

– Стечајот и незаконското згаснување на продукцијата Сенка филм и префрлувањето на побарувањата, но не и на обврските на оваа продукциска куќа кон новооснованата продукција Банана филм;

– Потпишувањето на договорот за финансирање на филмскиот проект „Мајки“ (работен наслов “Како бебе“) и добивањето на средствата пред завршувањето на постапката и објавувањето на резултатите од Конкурсот за финансирање од страна на Филмскиот фонд на РМ;

– Не поднесувањето на извештај за потрошени 55.800.000 денари (907.317 евра) за филмот „Мајки“;

– Префрлувањето на 900.000 денари без претходно потпишан договор за меѓународна промоција и кандидатура за Оскар, пари на државата за кои, исто така, не е доставен финансиски извештај;

– Повеќекратното поднесување на нотарски заверени изјави со невистинита содржина (исправа со невистинита содржина,) од страна на Банана филм при постапките за аплицирање во АФРСМ;

– Префрлувањето на 5.300.000 денари (85.000 евра) од средствата наменети за продукција на филмскиот проект „Врба“, од Банана филм Скопје, кон „Милкман“ продукција од САД, при што и двете фирми се сопственост на истиот субјект продуцентот на филмот;

– Префрлувањето на преку 7.700.000 денари (125.000 евра) наменети за продукција на филмот Мајки кон „Квантум комуникации“ од САД, за наводна промоција на истоимениот филм, спротивно на Буџетот и Договорот за финансирање на проектот;

– Недефинирана исплата за прикажување на филмот „Мајки“ на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто во висина од 12.000 долари, од средствата наменети за продукцијата на филмскиот проект;

– Нереалната висина на авторските хонорари од страна на Сенка филм и Банана филм за сценарио, режија и продукција кои многукратно го надминуваат европскиот просек за овој тип на работа кога станува збор за парични средства од јавните фондови, во случајов исплаќани од средства од буџетот на Република Северна Макдонија;

Бараме да се проверат и останатите евидентирани индиции и докази за злоупотреба на државните пари.

Ние во ДФРМ нема да се грижиме дали оваа реакција повторно ќе биде проследена со нови неосновани напади вез нашето здружение и врз неговите членови, филмските работници. Ние се грижиме за заштита на честа и угледот на нашата професија, на секој наш член и на целото друштво.

Нема да замолчиме и ќе се спротиставиме на секој обид да се релативизираат наведените случаи за несооветното трошење на народните пари и нивната злоупотреба. Наша и совесна и статутарна задача е да продолжиме со битките за искоренување на сите форми на привилегираност, неотчетност и корупција во дејноста, кои воедно се битки за обезбедување рационалност, транспарентност и подобри услови за сите македонски филмаџии. Ова посебно и како наша должност кон младите генерации филмски творци, кои се сѐ побројни и поуспешни и кои континуирано и без комплекси со своите вонредни остварувања успешно чекорат на меѓународната филмска сцена„, се додава во обраќањето на ДФРМ кон медиумите.


Повеќе на темата:

Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ