• Latest

УНИЦЕФ повикува на зголемени инвестиции за да се обезбеди квалитетно и инклузивно образование за секое дете

September 1, 2023

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

УНИЦЕФ повикува на зголемени инвестиции за да се обезбеди квалитетно и инклузивно образование за секое дете

September 1, 2023 10:08
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Правото на образование на детето го опфаќа правото на учење. Недостигот од квалитетно образование поставува значителни пречки на патот на децата во остварување на нивниот потенцијал во периодот на растење. Додека го славиме почетокот на новата учебна година, треба да внимаваме на предизвиците со кои се соочуваме и да ги удвоиме нашите напори да обезбедиме секое дете да добие квалитетно образование и никој да не биде изоставен, порачува Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава.

Во соопштение до медиумите таа укажува дека и пред пандемијата, Северна Македонија се соочуваше со криза во процесот на учење и дека и покрај малите подобрувања во успехот на учениците во последниве години, сепак, повеќе од половина од сите 15-годишни деца во земјата не успеваат да ги задоволат основните нивоа на владеење на читање и математика.

-Понатаму, резултатите во образованието се чини дека ги репродуцираат постојните нееднаквости, при што учениците од поволна социоекономска позадина и девојчињата постигнуваат подобри резултати од момчињата и пообесправените ученици. Децата кои заостануваа во минатото, сега се млади возрасни лица, кои се запишуваат во високо образование или се дел од работната сила на пазарот. Ова сценарио ќе опстои во сите возрасни групи додека не се преземат значителни мерки за решавање на проблемот. Затоа треба да преземеме итна акција бидејќи последиците ќе бидат далекусежни и ќе влијаат и на сегашните и на генерациите што доаѓаат, наведува ДиЏовани.

Во неодамнешните заклучни согледувања за напредокот на Северна Македонија во остварувањето на правата на детето, Комисијата за правата на детето го поздрави донесувањето на Законот за основно образование како правна основа за вклучување на учениците со попреченост во редовниот образовен систем.

Благодарение на новиот Закон за основно образование, посочува претставничката на УНИЦЕФ, од оваа учебна година сите деца со попреченост ќе бидат запишани во редовните училишта за да учат заедно со своите врсници, што има докажана придобивка за сите деца во училницата. Поддршката што ресурсните центри ќе им ја дадат на училиштата во оваа транзиција е клучна, нагласува ДиЏовани, за да се осигури дека овие деца ќе бидат поддржани да учат и да го постигнат својот целосен потенцијал.

Сепак, Комисијата бара внимание да се посвети на потребата од дополнителни мерки, стратегии, услуги и поддршка, наведува таа, за да се обезбеди пристап до квалитетно образование на децата од ранлива категорија. Констатирајќи го креирањето на посебна буџетска линија за инклузивно образование во буџетот на Министерството за образование и наука и две финансиски програми насочени кон образованието на децата Роми, Комисијата исто така препорачува зголемување на буџетската распределба, со особено внимание на децата во ранлива положба.

-За да го направи квалитетното инклузивно образование реалност за сите деца, земјата треба да го зголеми јавното финансирање и инвестициите во образованието на сите нивоа, вклучително и предучилишното, истовремено обезбедувајќи ефикасна и правична распределба на ресурсите за општините и училиштата. Распределбата на средства треба да биде соодветна за да им овозможи на училиштата да ги исполнат националните образовни стандарди и да го олеснат пристапот и вклучувањето на најранливите деца, вклучувајќи ги и оние со попреченост, од етничките малцинства и од социоекономски ранливите домаќинства. На првиот училишен ден, додека ги пречекуваме децата во училниците, да потсетиме дека секој ден поминат во училиште е можност да се обезбеди ефективно, правично и отпорно образование за сите деца и младинци. За да се случи ова, мора да се стави поголем фокус на обезбедување ресурси насочени кон областите каде што може да се постигнат подобрувања во резултатите од наставата и учењето, истакнува ДиЏовани.

Но, квалитетното инклузивно образование, додава таа, не е само прашање на финансирање, а основите за училишна подготвеност се поставуваат во рана возраст, поради што зголемувањето на стапките на упис во предучилишното образование треба да остане приоритет.

-Родителите, исто така, треба да бидат поддржани за активно вклучување во образованието на нивните деца, што ја зајакнува добросостојбата и самодовербата на детето и е важно за академскиот напредок. Дополнително, треба да продолжат реформите во наставните програми за да се поведе грижа дека децата можат да стекнат релевантни знаења и вештини кои ќе ги подготват да напредуваат во современиот свет. Наставниците и стручните соработници имаат потреба од континуиран пристап до квалитетни можности за професионален развој, квалитетни образовни ресурси и податоци, посочува ДиЏовани.

Во последниве години, додава таа, Северна Македонија направи напори да учествува во меѓународните оценувања на учениците и исто така се подготвува да го лансира новиот национален модел за проценка на учениците.

-Сакаме да ги препознаеме и да ги пофалиме овие напори и да ја истакнеме важноста од подобро користење на податоците добиени преку таквите проценки за анализа, системска дијагностика, подобрувања и обезбедување квалитет на локално и национално ниво. Меѓутоа, податоците и доказите треба да поттикнат акција на ниво на училиште и на ниво на ученик. Конечно, децата имаат право да бидат консултирани за сите одлуки кои влијаат на нивниот живот, а одлуките во образовниот систем секако потпаѓаат во таа категорија. И покрај тоа што го поздравува усвојувањето на Законот за основно образование со кој се обезбедува формирање студентски парламент и студентски правобранител, Комисијата препорачува унапредување на учеството на децата и младите во рамките на семејствата, училиштата и заедниците, како и спроведување механизми за нивно учество при одлучувањето за прашања кои ги засегаат, се наведува во изјавата на претставничката на УНИЦЕФ.

Годинава се одбележуваат 30 години откако Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето и 30 години од официјалното воспоставување соработка со УНИЦЕФ откако земјата стана независна држава. Во контекст на годишнините, додава ДиЏовани, „ние сме посветени повеќе од кога било да ги поддржиме нашите партнери во нивните напори да обезбедат квалитетно и инклузивно образование за секое дете“. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ