• Latest

Меџити и в.д. директорката на Клиниката за онкологија очекуваат брз реакција од надлежните за скандалот со лековите

September 4, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Меџити и в.д. директорката на Клиниката за онкологија очекуваат брз реакција од надлежните за скандалот со лековите

September 4, 2023 14:10
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција која ја одржа заедно со в.д. директорите на Клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска и Халид Матоши, истакна дека тие имаат увид во она што се случувало на Клиниката за онкологија, дека се што е побарано од нив од МВР и од обвинителството им е дадено, но за тоа кој е одговорен за криминалот таму одговори треба да даде обвинителството. 

Меџити рече дека во периодот кога тој е министер состојбата на онкологија е променета. За биолошката терапија за пациентите сега не одлучуваат еден или двајца доктори туку раководителите на сите 12 оддели на Клиниката еднаш неделно, а од тој момент директорката е изземена.

Министерот за здравство Меџити и медицинскиот директор на Клиниката за онкологија Клисаровска потенцираа дека во овие шест месеци терапијата за пациентите е безбедна и сигурна и дека нема манипулации со терапијата.

-За тоа како било порано сум споделил и тоа што било не е во мој домен, рече министерот за здравство.

Во врска со системот КАТО истакна дека тој не е фрлен, туку дека е во собата каде што бил инсталиран заклучен и оти во изминатите месеци се прави анализа дали тој ќе се врати во употреба или ќе се користи друг систем за терапија.

Меџити и Клисаровска побараа да не се ставаат сите доктори во ист кош и ги уверуваа пациентите дека сега нема проблеми со терапијата. Замолија да нема шпекулации за дополнително да не се вознемируваат пациентите.

Од име на колегиумот на Клиниката на онкологија в.д директорката Клисаровска во врска со постапката која е во тек, кажа дека тие се целосно достапни на надлежните органи со цел брзо откривање на евентуалните виновници. Тие најостро го осудуваат секое несовесно постапување во Клиниката. Апелираше до надлежните надлежните институции час поскоро ако има виновници тие да бидат изведени пред лицето на правдата.

Д-р Клисаровска излезе со молба и апел да не се генерализира проблемот врз целиот медицински тим. Таа одговорно им тврди на пациентите дека од ноември 2022 година кога таа е назначена за медицински директор секој пациент ја добива препишаната терапија без никави манипулации со лековите.

Таа кажа дека претходно имала информации за безбедноста на лековите по допрен глас, но дека тие не можеле да докажат. Д-р Клисаровска рече дека веќе има една медицинска сестра која во мај добила отказ од работа бидејќи била фатена со украдена терапија, но не од таа терапија за која се зборува во јавноста.

Потврди дека поранешниот директор д-р Нино Васев денеска е дојден на работа на Клиниката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ