• Latest

И руски свештеник персона нон-грата, „разузнавал“ низ Скопје

September 17, 2023
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И руски свештеник персона нон-грата, „разузнавал“ низ Скопје

September 17, 2023 16:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од македонските власти нема потврда дали и руски православен свештеник добил забрана за влез во земјава, покрај тројцата руски дипломати од Амбасадата во Скопје. Тие минатава недела беа прогласени за непожелни личности. Голем број интернет медиуми пишуваат дека непожелна личност за Македонија е и Васијан Змеев, кој е руско свештено лице, челник на Руската црква во Бугарија, но одговара и за територијата на Македонија, пренесува Алсат.

Според написите, тој минатата година зачестил со посети во земјава и остварувал средби со претставници на Македонската православна црква. Веста од Скопје предизвика реакции и во Бугарија и тоа во момент кога во Софија тече расправа кој да го назначува шефот на разузнавачките и контраразузнавачките служби. Во моментов тоа е претседателот на државата Румен Радев, но Владата на Кирил Петков и Бојко Борисов сакаат да му ги одземат овие ингеренции. Според пратеникот од партијата на Кирил Петков, Атанас Атанасов бугарското контразузнавање соработува и со Русија и како пример го посочи рускиот свештеник.

„Тој оди таму да ги извршува функциите на руското контраразузнавање, со цел да создаде раскол во Македонската црква. Мала Македонија, со нејзините служби кои не знам колку се ефективни, констатирале дека рускиот свештеник кој живее служи во Руската црква тука во центарот на Софија, се занимава со разузнавање во Македонија и е избркан оттаму, а тој пет години живее во Бугарија. Го прашувам бугарското контраразузнавање, зарем не се срамат?“, рече Атанас Атанасов – пратеник од „Продолжуваме со промената“.

Васијан Змеев пред пет години бил назначен на чело на Руската црква во Софија и неколку пати доаѓал и во Македонија. Во земјава во јануари годинава пристигна и рускиот свештеник Антониј кој одговара за дипломатските односи во Руската црква. Тогаш претседателот Стево Пендаровски рече дека нема проблем со посетата на рускиот митрополит, сè додека таа е во рамки на црковните прашања. Сепак, тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин, како што рече, неспорно ја користи црковната дипломатија како една од своите алатки во светот да ја оправда војната во Украина.

Инаку, како што вчера соопшти МНР, пред пет дена биле прогласени 3 лица од руската амбасада за персона нон грата, со образложение дека ја прекршиле Виенската конвенција за дипломатско однесување. Од официјална Москва најавија контрамерки.

Лука Андреев

Tags: персона нон гратаруски свештеникСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ