• Latest
фото: Министерство за Култура

Костадиновска-Стојчевска за Скопје-европска престолнина на културата:  Имаме потенцијал кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание

September 28, 2023
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска за Скопје-европска престолнина на културата:  Имаме потенцијал кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето најдобро издание

September 28, 2023 15:33
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
фото: Министерство за Култура

фото: Министерство за Култура

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со
градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и амбасадорот на Европската
Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, денеска на сцената „Школка“, во
Градскиот парк на прес-конференција ги објаснија сите натамошни случувања и
процедури поврзани со „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека „Скопје – Европска престолнина на
културата во 2028 година“ – звучи прекрасно, звучи надежно, но тоа обврзува и на
многу, многу работа.

„Оваа титула, која на нашиот главен град му ја доделија експертите од
Европската комисија, не е награда. Таа е шанса, таа е можност и, како министерка за
култура, убедена сум дека ќе дадеме сè од себе во 2028-ма да бидеме горди на Скопје
и Скопје на нас. На оваа титула гледам и како предизвик да се обединиме во идејата и
да им овозможиме на Скопје и на неговите жители, но и на сите македонски граѓани,
да се чувствуваат европски“, рече Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-
конференција во Градскиот парк.

Таа потсети дека, препознавајќи ја вредноста, но и тежината на титулата
„Европска престолнина на културата“, Владата, преку Министерството за култура, се
обврза на безрезервна поддршка, и финансиска и кадровска и инфраструктурна, во
служба на „Скопје 2028“. Како што нагласи Костадиновска-Стојчевска, ова е проект во
којшто ќе се вложува со години, а тоа беше многу важен аспект за Скопје да ја добие
титулата „Европска престолнина на културата“.

„Придобивките се огромни, можностите се неисцрпни. Ги повикувам на
креативна мобилизација сите културни работници и уметници, независната културна
сцена, младите автори, иновативните луѓе, креативните индустрии, невладиниот
сектор, туристичките работници, занаетчиите, бизнис-заедницата, медиумите… Имаме
потенцијал кој, убедена сум, нема да ја пропушти шансата да се покаже во своето
најдобро издание. Ова треба да е наша заедничка инвестиција во една незаборавна
година, година во која Скопје ќе биде достојна и впечатлива европска престолнина на
културата“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Нагласувајќи дека изборот на Скопје за „Европска престолнина на културата за
2028 година“ е огромен успех за македонската култура и тест за нашиот однос кон неа,
министерката за култура истакна дека европските експерти ја уважија нашата
посветеност и подготвеност да одговориме на предизвиците кои со себе ги носи 2028-
ма и како што рече, тоа мора и да го оправдаме.

„Во 2028 година Скопје нема да биде крстопат туку точка на средба на
културите кои своето богатство, уникатност и различност ќе ги стават во функција на
утврдување и засилување на европското чувство кај сите. Затоа треба да имаме на ум
дека „Европска престолнина на културата“ е, пред сè, идеја, а потоа титула. Суштината
на таа идеја сме ја разбрале ако и културата ја разбираме како „мотор“ на нашиот
севкупен развој. „Горивото“ е во знаењето, во креативноста и во иновативноста
−истакна Костадиновска-Стојчевска и додаде дека нè чека обемна работа во која мора
да го вложиме сиот креативен и организациски потенцијал, а европските експерти
будно ќе го следат секој наш чекор.

Претходно, во рамки на настанот, министерката за култура Бисера
Костадиновска-Стојчевска присуствуваше и на работилницата за македонско народно
творештво на Детскиот културен центар – „Карпош“ .

На денешната прослава на тутулата „Скопје-европска престолнина на
културата“ и на прес-конференцијата, која беше во организација на Градот Скопје,
беше подготвена и забавна програма, музички настапи, интерактивни активности и
гастрономски уживања.

Tags: европска престолнина на културатаКостадиновска СтојчевскаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ