• Latest

Бектеши: Дополнителни мерки од ноември, поевтинуваат и други категории производи покрај оние со „гарантирана цена“

October 19, 2023
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Дополнителни мерки од ноември, поевтинуваат и други категории производи покрај оние со „гарантирана цена“

October 19, 2023 13:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителните антикризни мерки може да се очекуваат од ноември, а до крајот на овој месец би требало да бидат и дефинирани, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информира Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Глобус“, на креирање на мерките се работи интензивно. Тој е запознаен, рече, со некои од предлозите, но кои мерки ќе се донесат, ќе биде договорено во рамки на разговорите, заедно со стопанските комори и со сите останати засегнати страни.

Бектеши изрази благодарност до стопанството, посебно до домашните производители, „кои доброволно, во одредени моменти, ги намалуваат цените“.

Според министерот, сите податоци покажуваат дека цените во малопродажбата се намалуваат, особено оние опфатени со владината одлука, а има податоци и дека и се намалуваат цени и од другите категории производи.

-Во однос на новите, дополнителни мерки, драфтовите се веќе речиси при крај. Разговараме заедно со стопанските комори и со сите други засегнати страни и најверојатно до крајот на месецот јавноста ќе биде известена во делот на тоа како би изгледале сите антикризни мерки до крајот на оваа година. Јас секогаш се обидувам да бидам многу внимателен, не сакам лично на тие луѓе што се експерти, што работат таму да им влијаам на тоа како мислам дека би требало да изгледаат мерките. Ние како Влада сме воспоставиле принцип на јавно-приватни разговори со сите засегнати страни, со стопанските комори согласно анализите, предлозите, нивните сугестии и потребите, вклучувајќи ги тука и синдикатите. Така се дизајнираат мерките во рамки на буџетските можности. Моја желба би можела да биде да земат што повеќе луѓе, но согласно можностите кои се и предлозите на стопанските комори и синдикатите во таа насока ќе се носат мерките.  Јас знам предлози, а за конкретни мерки, за тоа ќе одлучат Владата и министерствата, секако во рамки на нивните сектори, напомена министерот.

На прашањето дали можеби ќе има некаква прераспределба на буџетските средства за реализација на дополнителните антикризни мерки, тој потсети дека антикризните мерки ќе се реализираат со средства од П1 програмата.

-Колку што знам, а и вие треба да знаете, распределбата на Буџетот помина во Собранието и веќе имаме Буџет кој е во сила и кој не може да се менува. Во делот на П1 програмата има предвидено одредени средства за реализација на антикризните мерки и во рамки на тие средства се реализираат антикризните мерки. Буџетот моментално не може да се менува, бидејќи треба да се менува во Собрание, објасни Бектеши.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ