• Latest

РУСКИ СВЕШТЕНИЧКИ ИСПОВЕДИ: Забрането ни е да се молиме за мир!

October 25, 2023
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Ура за Македонија

May 24, 2026

Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

May 23, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

May 22, 2026

Кога твојот живот е само ставка во табела

May 22, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

May 22, 2026

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

    ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Илустрација ВИ

    Брисел и Вашингтон со привремен трговски договор до 2029 година

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

РУСКИ СВЕШТЕНИЧКИ ИСПОВЕДИ: Забрането ни е да се молиме за мир!

Непосредно по руската инвазија врз Украина, во црквите на РПЦ имало молитви за мир. Еден месец потоа таквите молитви се забранети, а црковното раководство од свештениците барало да се молат – за победа! Посебно се благословени од врвот на РПЦ свештениците кои одат на фронтот, во рововите и ги благословуваат оние кои ги убиваат нападнатите Украинци, вклучувајќи ги и цивилите и малите деца!

October 25, 2023 09:40
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Руските свештеници се во служба на војната на Путин.
  • Наместо молитви за мир, се бараат молитви за победа. 
  • РПЦ и Путин се како сврзани садови. 
  • Очигледен е линкот меѓу РПЦ и МПЦ. Каде е тука македонската политика?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Свештеникот Андреј од Руската православна црква долго време имал етички дилеми во врска со војната која неговата земја ја започнала во Украина. Пред сѐ, заради тоа што Кремљ започнал братоубиствена и со ништо неиспровоцирана војна. Потоа, во својата паства имал и повратници од фронтот – некои дезертирале, други се криеле за да не заминат, трети не биле воени обврзници, но едноставно не ја сакале војната. Андреј знаел дека сите тие бргу ќе станат жртви на репресија. Со нив одржувал тајни средби и се обидувал да им помогне да најдат утеха. Не им било лесно на свештениците кога после првиот месец од војната молитвите за мир морале да ги заменат со молитви „за победа“.  Најтешко му паѓало тоа што не можел јавно да проговори, да ја осуди војната.

Додека Русија ја почнува својата целосна инвазија на Украина, свештеникот на Руската православна црква (РПЦ), Андреј, се соочувал со дилемата – да ја заштити заедницата што ја изградил во својата црква или да ризикува сѐ со тоа што јавно ќе проговори?

На крајот, отец Андреј, сепак, станал еден од оние кои се осмелуваат јавно да ја осудат војната (Deutsche Welle, 15/10/2023). Потоа, тој морал да побегне со целото семејство во Грузија, каде што, пак, не може да биде свештеник без одобрение од Руската православна црква(!?). Тој анонимно разговарал со ДВ за да не ја изгуби последната „искра надеж“ дека еден ден повторно ќе може да проповеда како свештеник во Русија.

НА СВЕШТЕНИЦИТЕ КОИ СЕ ПОТИВ ВОЈНАТА ИМ СЛЕДУВА КАЗНА Најмалку илјада свештеници потпишале порака да се престане со братоубиствената војна, но нивната судбина не е сјајна

„Не можам да им судам на оние кои прават компромиси со себе за да си ги задржат своите места“, ѝ рекол тој на новинарката Марија Катанадзе, свесен дека многу негови колеги избрале да молчат и да останат во Русија.

„Двете верзии на молитвата ‘за победа’ содржеа лаги и пропаганда. Се вели дека ‘некои странци ја нападнаа Света Русија’. Не можев ни да ги изговорам тие зборови. Русија ја започна војната, а не обратно“, вели Андреј.

Од исповедта на отец Андреј дознаваме дека околу 300 свештеници – помалку од еден процент од целата Руска православна црква – потпишале отворено писмо во кое бараат прекин на „братоубиствената војна“ во Украина. По почетокот на војната, Русија донесе закон со кој се криминализираат антивоените коментари и генерално мислењата што се разликуваат од официјалниот руски став. Така, некои од свештениците кои го потпишаа писмото не само што биле протерани од црквата, туку биле санкционирани од судовите за „дискредитација на руската армија“.

Некои од свештениците успеале да се извлечат со читање на новата молитва „за победа“, но други немале толку среќа.

Јоан Ковал, свештеник од Москва, бил избркан од црквата откако одбил да го замени „мирот“ со „победа“ во молитвата. Црковните власти, чија цел е да ги обединат парохијаните и свештенството за поддршка на војната во Украина, го гледаат ова како чин на пркос.

Јавното покајание е уште еден начин на кој црквата ги репресира свештениците кои се противат на војната. Еве што му се случи на отец Илја Гавришкив, кој јавно се извинил што не се молел за руската победа.

ПОДДРШКА Патријархот Кирил и претседателот Путин се како сврзани садови

Во видеото кое стана популарно на TikTok, може да се види како епископ го критикува отец Иља пред верниците. „Кога му објаснивме каква грешка направил, веднаш сфати“, вели тој, додека Иља стои зад него. „Од глупост и гордост ја прочитав молитвата за мир наместо како што се бараше од мене“, вели отец Иља додека гледа во земјата.

Факт е дека во Руската православна црква се негира дека таа ги прогонува свештениците од овие причини и тврди дека тие биле ослободени поради политички говор. Иако тврди дека е аполитична, Руската православна црква високо ги цени оние свештеници кои се појавуваат на првите борбени линии, благословувајќи ги руските војници со света вода и икони пред битката(!).

Врските на рускиот патријарх Кирил со рускиот претседател веќе се толку силни и постојани што сигурно може да се рече дека Владимир Путин во него ја има најцврстата, зацементирана поддршка, што е многу важно, бидејќи РПЦ е институција која ужива најголема доверба кај обичниот народ. Од оваа релација не е јасно дали и обајцата имаат некоја корист, ама за Путин ова е секако силна поддршка за неговиот политички опстанок. Барем во настапите во јавноста, патријархот Кирил нема двојба во целите на војната и во тоа како таа се води, не го збунува ниту неговата лојалност, ниту фактот дека само на руска страна досега се убиени 294.799 припадници на руските сили (ЦИВИЛ МЕДИА, 23.10.2023), туку и заради вистината дека во војната гинат невини граѓани, многу деца… Дури, патријархот Кирил тврдел дека смртта во битка „ќе ги измие сите гревови на војникот“. Православната црква, која ги претставува Русите и Украинците како „еден народ“, ги обвинува „странските влијанија“ дека „го поттикнуваат конфликтот меѓу нив“.

РУСКАТА ЦРКВА ИМА ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ВО ОПШТЕСТВОТО Ужива огромна поддршка (фото извор: Sad and Useless)

Секое антивоено чувство во руската црква мора да се чува во тајност, а свештениците се сè повнимателни. Отец Николај од Санкт Петербург за ДВ изјавил дека се обидува деликатно да ги изрази своите пацифистички ставови. Според неговите зборови, црквата во Русија наликувала на оние времиња кога „христијаните биле прогонувани и користеле тајни симболи за да се идентификуваат едни со други“.

Николај бил убеден од неговиот духовен водач да остане во Русија, тврдејќи дека, кој и да го заземе неговото место, веројатно нема да се моли за мир. Свештеникот создал дури и таен Телеграмски канал преку кој луѓето се собираат и тајно се молат за мир. „Се собираме усно. Зборуваме претпазливо и бараме луѓе кои исто така не ја поддржуваат војната. Потоа се зближуваме“, вели отец Николај, кој додава дека сето тоа личи на партизанско движење. Тајните состаноци на групата за него се „како здив на свеж воздух“.

„Откако ќе се молиме за нашите браќа и сестри во Украина, разговараме меѓу себе и оваа комуникација нѐ спасува. Тоа е можност да го споделиме она што ни е во срцето и да ги нарекуваме работите со нивното вистинско име“, вели свештеникот.

Николај признава дека постоењето на оваа група би можело да стане јавно позната и тоа го става во опасност. „Во тој случај, не е јасно што ќе следи. Веројатно ќе треба да бидам казнет затоа што се залагам за вистината. Но, Господ е со нас. Не се плашам“ – вели тој.

ДОБРЕДОЈДЕ ОД РУСКИ СВЕШТЕНИК Има и поинакви свештеници – во рускиот манастир „Св.Ѓорѓи“ во Германија, свештенството им даде засолниште на бројни украински бегалски семејства (Deutsche Welle)

Дојче Веле објави ТВ репортажа за грижата која руски свештеници во Германија ја имаат кон украинските бегалции. Се работи за свештенството во манастирот Св. Ѓорѓи во Гетстендорф. Навистина е потресна видео сторијата (DW) во која се гледа дека гостите и домаќините имаат комуникација и се хранат во кујната на манастирот, што им ги отвора ширум вратите. Впрочем, ако се внимава на христијанските базични правила, она „не убиј“ е дел од суштината на религијата, а да не говориме дека тоа е и составен дел на монотеизмот (Десетте божји заповеди).

За нас, овие стории за Руската православна црква се многу важни, заради силното влијание на таа институција врз Македонската православна црква (МПЦ). И тоа веќе не е плод на поединечна имагинација, туку и забелешка на оние странци кои ја следат нашата евроатланска определеност. Неодамна, и холандскиот амбасадор  во земјава, Дирк Јан Коп, во својот говор на трибина организирана од претседателот Пендаровски јасно ја посочи таа врска меѓу евроскептицизмот на политичарите со оној на црквите.

„Со едноставни зборови, нема политичка волја за промени не само во политиката, туку и кај верските заедници кои ги блокираат промените и ја блокираат Истанбулската конвенција“.

Тука е вредно да се спомене дека постои иницијатива, која потекна од Цариградската патријаршија, за давање на томос за признавање, а која, како што се дознава од кулоарите, е блокирана од претставници на РПЦ, од кои еден неодамна беше и избркан од земјава.

Амбасадорот Коп забележува како „политичарите се бесчујни и сакаат да се сликаат со свештениците и оџите. И која е пораката“ – запраша тој. „Па пораката е, дајте ги вашите пари, меѓутоа ние не ги сакаме вашите вредности!“

Навистина, се работи за еден шизофрен однос на македонската политика која е за одбрана за Украина, ама е во добри односи со оние кои ја воспеваат руската војска кога ги врши оние колежи и масакри. Во тоа, сесрдно им помагаат (со одобрување или премолчување) дел од невладините организации и медиумите.

Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ