• Latest
Фото: Влада

Ковачевски-Прескeр: Северна Македонија и натаму може да смета на силна и отворена словенечка поддршка на патот кон членството во ЕУ

October 25, 2023
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент го нарече „руски пропагандист“ претставникот на Кремљ, Дмитриев кој ги минимизираше санкциите на САД

October 28, 2025
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски-Прескeр: Северна Македонија и натаму може да смета на силна и отворена словенечка поддршка на патот кон членството во ЕУ

October 25, 2023 18:32
in ВЕСТИ
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Северна Македонија, Грегор Прескер, при што беше оценето дека двете земји имаат одлични пријателски односи и соработка кои се градат веќе 30 години, со взаемна подготвеност и интерес за нивно продлабочување, посебно на полето на економијата.

При тоа, како што соопштуваат од владината прес-служба, премиерот Ковачевски изрази задоволство од потпишувањето на Заедничката декларација за зајакнување на соработката меѓу двете земји за време на неговата посета на Љубљана во април, годинава. Декларацијата, како што истакна премиерот Ковачевски, ја потврдува континуираната словенечка поддршка за Северна Македонија на многу полиња.

Во таа насока, беше нагласен интересот за одржување на заедничка седница на владите на двете земји – што, се посочува, ќе биде извонредна можност за детектирање на нови потреби во секторската соработка.

Во доменот на билатералната соработка, беше поздравен фактот дека трговијата меѓу двете земји се движи по нагорна линија, а Северна Македонија е петта најважна земја за инвестиции на словенечки компании, кои во моментов изнесуваат околу 7 отсто од вкупниот прилив на странски директни инвестиции во државата.

-Ковачевски и Прескар изразија задоволство од отворањето на директната линија Скопје – Љубљана, на компанијата Wizz Air, која се очекува дополнително да придонесе за воведување нова динамика во економската соработка и натамошно зајакнување на туристичката размена, се наведува во соопштението.

Посебен фокус на средбата беше ставен на евроинтеграциските процеси, и во таа насока премиерот Ковачевски се заблагодари за силната и отворена поддршка на Словенија на патот на Северна Македонија кон ЕУ, потенцирајќи го посебно словенечкиот пристап за забрзана и прогресивна интеграција.

-Взаемно беше констатирано дека европскиот пат е единствената опција за Северна Македонија и затоа потребно е да се преземат сите неопходни чекори за да се оствари долгогодишната стратешка цел на земјата, а тоа е полноправното членство во ЕУ, стои во соопштението во кое се додава дека премиерот Ковачевски му посака успех вна амбасадорот Прескер во неговиот нов професионален ангажман и желба за активeн придонес во натамошното зближување на двете земји и народи.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: КовачевскиПрескерСловенија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ