• Latest
Димитар Николовски, Евротинк / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Николовски: За граѓаните ЕУ е најдобра алтернатива, стравот од губење на идентитетот е зачинет со дезинформации

October 27, 2023

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Николовски: За граѓаните ЕУ е најдобра алтернатива, стравот од губење на идентитетот е зачинет со дезинформации

„Имаме прилично добар невладин сектор што се бори против дезинформациите, меѓутоа се бори со едни чудовишта на пропагандата на кои и многу понапредни и подемократски општества од нашето не можат да се справат и да изнајдат решенија. Борбата против дезинформациите е еден долг процес и мора да се работи многу повеќе со граѓаните и со развивање на медиумската писменост кај граѓаните“, вели Николовски.

October 27, 2023 14:08
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Димитар Николовски, Евротинк / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Димитар Николовски, Евротинк / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Мнозинството граѓани во земјава сметаат дека влезот во Европската Унија е добра работа и дека Унијата е најдобра алтернатива за државата, и дека односот е два спрема еден, што е позитивна бројка на која треба да се задржиме, вели Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стратегии, во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Со Николовски зборуваме и за: Какви се ставовите на граѓаните за демократијата во Република Северна Македонија? Какви се ставовите на граѓаните за Европската Унија? Од кого и како би сакале да добијат информации и знаења за поглавјата/кластерите, за пристапниот процес, на Северна Македонија со Европската Унија? За нивните стравови од губење на идентитетот, јазикот и името доколку нашата држава стане дел од ЕУ? Како медиумите известуваат за темите поврзани со евроинтерацискиот процес, односно како се справуваат со дезинформациите и анти-ЕУ пропагандата?

Николовски вели дека не сме уникатни во однос на дезинформациите, односно традиционалните медиуми се борат со нетрадиционалните медиуми и со интернетот, а истовремено се борат и за средства, тоа бара и некој поголем сензационализам, а често меѓу сензационализмот се состојат дезинформациите и пропагандата.

„Имаме прилично добар невладин сектор што се бори против дезинформациите, меѓутоа се бори со едни чудовишта на пропагандата на кои и многу понапредни и подемократски општества од нашето не можат да се справат и да изнајдат решенија. Борбата против дезинформациите е еден долг процес и мора да се работи многу повеќе со граѓаните и со развивање на медиумската писменост кај граѓаните“, вели тој.

На прашањето дали доколку дезинформациите не беа толку активни во изминатиов период ќе ги имаа овие резултатити од истражувањето, тој додава дека веројатно резултатите немаше да бидат исти, особено во однос на индикаторите за демократијата дали се движиме во правилна насока, а што се однесува до информирањето преку социјалните мрежи тоа е светски тренд.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ Медиа / Димитар Николовски, Евротинк / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет – 56 проценти, од кои над 90 проценти се информираат од социјалните мрежи, а само 28,2 отсто од онлајн портал – медиуми, покажуваат резултатите од анкетата ЕВРОМЕТАР 2023.

На прашањето „како се информирате за политички теми“ најмногу или 56,5 проценти од испитаниците одговориле преку интернет, потоа следат 43,5 отсто преку телевизија, 12,5 проценти од пријатели/фамилија и 1,8 отсто преку радио. Околу 13,4 проценти од испитаниците одговориле дека не се информираат.

Најголем процент од испитаниците кои гледаат закана сметаат дека во овој момент тоа е Бугарија – 79 проценти, по што следи Русија со 6,3 проценти, Албанија за 2,7 отсто и Србија за 2,4 проценти.

„За разлика од лани, заканата од Бугарија беше 29 отсто, а сега е за 50 отсто зголемена“, вели тој.

На прашањето „која држава или меѓународна организација е најголем пријател на земјава”, најголем дел, 39,6 отсто рекле Србија, по што следат САД за 13,7 проценти, Турција за 10 проценти и ЕУ за 8,4 отсто од испитаниците.

Димитар Николовски, Евротинк / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Анкетата ЕВРОМЕТАР 2023, е спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од страна на агенцијата БРИМА на повеќестепен стратификуван случаен примерок на популација 18+ години, дизајниран според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ