• Latest

Мустафа Кемал Ататурк пред сто години ја создаде модерна Турција – по кој пат оди Ердоган?

October 29, 2023
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мустафа Кемал Ататурк пред сто години ја создаде модерна Турција – по кој пат оди Ердоган?

 Култот на личноста поврзан со Мустафа Кемал, таткото на Турците, е жив и денес. Неговите слики висат во канцеларии, ресторани, станови, а многу Турци го носат неговиот потпис како тетоважа

October 29, 2023 17:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter
Пред сто години, на 29 октомври 1923 година, Мустафа Кемал Ататурк ја прогласи Република Турција, секуларна, прозападна и, за тоа време, демократска држава создадена на урнатините на Отоманската империја.

Новиот долгогодишен неприкосновен лидер на Турција, Реџеп Таип Ердоган, нема намера да организира посебни прослави по тој повод, бидејќи неговата визија и патот по кој оди да ја води Турција се сосема различни од онаа на Ататурк. И засега во тоа успева со своите намери, пишува агенцијата ДПА, а пренесуваат германските медиуми.

Турција е основана по распадот на Отоманската империја. Ататурк наметнува промени и реформи во земјата на авторитарен начин, од врвот.

Земјата што тој ја создаваше не беше наследник на Отоманската империја, туку република свртена кон запад. Во 1930-тите, жените добија активно и пасивно право на глас, покрај арапската азбука, беше воведена и латиницата, а законот забрани носење фес, турбани и фереџе.

Култот на личноста поврзан со Мустафа Кемал, таткото на Турците, е жив и денес. Неговите слики висат во канцеларии, ресторани, станови, а многу Турци го носат неговиот потпис како тетоважа.

Меѓутоа, на многу Турци не им се допадна неговата строга секуларна политика, јасната поделба на државата и религијата. Некои малцинства, на пример Курдите, го гледаа како диктатор.

Религијата е префрлена во приватната сфера и тоа, според агенцијата, е една од причините за успехот на Ероган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП).

Ердоган се идентификува себеси со Отоманската империја, се претставува како заштитник на муслиманите ширум светот и го оживеа пантуркизмот, митот за единството на сите турски народи, отфрлен од Ататурк.

Но, пред се, тој повторно ја воведе религијата во политиката и ги зајакна верските институции.

По доаѓањето на власт во 2002 година, АКП беше партија на најшироките слоеви, но денес е мегафон само на една категорија на општеството.

Според историчарите Гунтер Зајферт и Кристофер Кубашек, АКП денес претставува строго исламски, конзервативен дел од општеството – турската нација, а тоа создава сериозни тензии во земјата бидејќи се негираат верските, етничките и културните различности на Турција.

Поддржувачите на Ердоган ги гледаат работите сосема поинаку и велат дека само откако тој дојде на власт се чувствуваат слободни. Но, дејствијата на владата предводена од АКП против неистомислениците и критичарите покажуваат дека тоа е многу тесна дефиниција на поимот слобода, пишува агенцијата.

Со години, Европската унија укажува на падот на Турција во областите на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на основните права и независноста на судството.

Tурција аплицираше за членство во ЕУ уште во 1987 година, доби кандидатски статус во 1999 година, а претпристапните преговори со Турција, кои започнаа во 2005 година, практично пропаднаа во 2016 година со затворено само едно од 16-те отворени преговарачки поглавја.

Во 2019 година, Европскиот парламент официјално одлучи да ги прекине преговорите со Анкара.

Амбасадорот на ЕУ во Турција, Николаус Мајер Ландрут, за ДПА изјави дека треба да се очекува дека Европската комисија во ноември, во годишниот извештај за напредокот на земјите кандидати за членство, ќе го забележи натамошниот пад на Турција.

„Никој во Турција по Ататурк не остави таков белег како Ердоган“, единственото нешто што Ердоган би го посакал е ново етаблирање на републиката, со сосема други знаци – многу поконзервативно, поблиску до земјите од Блискиот Исток, повеќе авторитарни и реакционерни, според политикологот Берк Есен од Универзитетот Сабанџи во Истанбул.

А во исто време, истакнува Есен, самиот Ердоган е профитер на политиката на Мустафа Кемал, таканаречениот кемализам и без него никогаш немаше да може да стане претседател бидејќи потекнува од семејство од пониска средна класа и само Ататурк создаде предуслови за општествено подем на таквите семејства.

Покрај тоа, АКП ги наследи и институциите и државната администрација кои својата сила му ја должат на Ататурк, а преку кои Ердоган ја спроведува својата политика денес. Судството и медиумите во голема мера се подредени на владата, а економијата и општеството се карактеризираат со клиентелизам и непотизам, изјавија Зауферт и Кубашек.

„А Ататурк беше се освен демократ… и фактот што Турција се збогува со него по сто години може да биде позитивен знак. Но, фактот дека ова простување се случува поради владеењето на нов силен човек не е добра вест“, напишаа тие во нивната книга со наслов – „Простување од Ататурк“. (Бета/МИА)

Извор: Рацин

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕрдоганМустафа Кемал Ататурктурција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

    (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ