• Latest

Бркај ме нежно

November 3, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бркај ме нежно

November 3, 2023 10:15
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

Околностите се екстремни, нема потреба да се лажеме. Оној, пак, што ги прима заканите без своја волја е ставен на шаховска табла како пиoн. А секој оној што мисли дека со тоа си прави лична промоција, го замолувам рибачењето да го испроба на своја кожа.

Во не така далечно минато, својата лична „афирмација“ и „популарност“ ја добив последните години затоа што често бев канет на Канал 5 во поджанрот наречен „Само вистина“. Сакав панкерски или „рокерски“, од блиску, да видам што значи силен мејнстрим медиум. Мислев дека е баш „куулл“ да се биде на телевизија. Уште и мислев дека таму луѓето го почитуваат мојот личен став, а мислев дека и јас имам што да му кажам на тоа плебесцитарно и колективно битие. На почеток беше добро, затоа што контекстот беше добар, питом, човечки.

А потоа работите отидоа по ѓаволите. Поради моето појавување на „Само вистина“ на Канал 5, од „Ненад Јовановиќ“ станав „Неџат“, станав дојденец, клошар, некој што живее како „домазет“, некој што нема „свој покрив над главата“. За оние класичните: шпион, предавник, јабанџија, соросоид, тоа е веќе константа која ми е „надената“ уште многу поодамна.

Зошто да се лажеме: јас од мојот живот направив панк, а не од панкот живот. Отсекогаш ме интересирале „проклети“ и слободарски работи. Знаете ли колку е тоа ретко? Можев да се „вдомам“ во капитализмот и корпоративно да живеам: „добро утро чаршијо на сите четири страни“! Можев, ама не сакав. Отсекогаш знаев дека сите тие локални фиќфириќи кои ја поздравуваат целата чаршија прво се изгубени во просторот и времето, а знам и дека се движат низ епохата без глава на рамена. Додуша, главата е тука, мешето им „кркори“, ама содржината ја нема, ако ме разбирате што сакам да ви кажам.

Попатно, никој „овластен“ не ме викнал во новинарство, а ако даде Бог здравје, памет и концентрација, никој „овластен“ нема да ме викне ниту во книжевноста. И можеби баш затоа, купишта луѓе се најдоа навредени затоа што ме затекнале или ќе ме затекнат токму тука. Дури и никогаш не сум пледирал да бидам аналитичар, затоа што такво нешто презирам. Ама ете, дури и аналитичарите се најдоа навредени затоа што ме најдоа помеѓу аналитичарите.

Овие наши чаршии имаат свои миленичиња и галеничиња. Јас, на пример, немам „своја чаршија“; од дете сум растен и сум се движел низ животот секаде како „некој кој не е наш“. Можеби и заради тоа не научив да го користам тој опсесивен и канонизиран малограѓански бон-тон. Дополнително, ги поминав сите животни срања кои оваа земја ми ги приреди, никогаш не криејќи дека тоа за мене претставува процес на растење и самоспознавање за токсичноста на епохата во која сум се нашол.

Зошто сето ова ви го зборувам од лично име? Ако не ви текнува, тогаш имаме сериозен проблем сите заедно. Тој проблем се вика „паралелен сималакрум“ што го креираат медиумите под капата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. А што значи тоа? Ништо друго освен производ на една болна фантазија. Во таква реалност, едвај да постои „Ненад Јовановиќ“ или да речеме „Исмет Рамадани“. Овие луѓе не се метафори, овие луѓе се ептен конкретни и живи.

Не правиш никаков прекршок, туку само го изнесуваш своето граѓанско право на изјаснување за јавните работи.

Не знам колку нè има: десетици, стотици… Тешко дека нè има илјадници – навикнавме да живееме живот под закани и шиканирање. Морам да ви признам: Груевски многу добро нè истренира. Ама да се навикнеш и да отапиш/огуглаш не е исто. Исто така, заканите со текот на времето не значи дека стануваат банални? О, не! Се разбира, заканите не се со ист интензитет за секој. За некои се поблаги, за некои се со среден интензитет, за некои се брутални. Едните ги пцујат, а другите ги бркаат. Третите, боже мој, ги раселуваат. Јас не знам како е кај господин Рамадани за кого има големо почитување, бидејќи прво, го познавам лично, го познавам начинот на неговото говорење. Тој човек е шармантен, пристоен и коректен. Барем од тоа што јас го знам за него in vivo.

A добро, црни Ненаде, како е кај тебе? Кај мене е како и кај Хенри Ролинс: „Come in end Burn…“ Сега уште планирам да нафрлам и некој мускул во теретана, па верувам дека сликата ќе биде комплетна.

А што се однесува до Канал 5 и Иван Мирчевски, искрено да ви кажам, не знам. Канал 5 не гледам, на таа телевизија повеќе не одам. Во „Само вистина“ исто така нема да се појавам. Публиката која тоа го конзумира, не е моја публика. Што значи, јас и тие совршено сме си непотребни еден на друг. Дали го осудувам бркањето на господинот Рамдани од емисијата „Само вистина“, се разбира дека го осудувам. Секој има право да оди таму кај што му е волја, поточно таму кај што уредно го канат. Секој има право да зборува за она што смета дека е негов свет и негов дух.

Мојот медиум, пак, е Frontline.mk; и да ви бидам искрен: јас откако научив да читам и пишувам, немам потреба да зборувам. Поточно, пишувам за да не мора да зборувам. А што се однесува до Мирчевски, Канал 5 и „Само вистина“, нека си живеат во колективистички фантазии и лична веселба. Нивно право. Моето право е сосема поинакво: одам таму кај што сакам, љубам кого сакам, пишувам за што ми е волја. Начинот на изразување е мој, не се одрекувам од него бидејќи сè уште не планирам да се поништам себе.

Come in end burn, baby!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ