• Latest

Еврокомисијата ќе ги објави извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ

November 8, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Еврокомисијата ќе ги објави извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ

November 8, 2023 08:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска треба да гo усвои пакетот за проширување со извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година, јави дописникот на МИА од Брисел. По нивното усвојување на седницата на Колеџот на комесари, извештаите за напредокот за секоја од земјите кандидати ќе бидат јавно презентирани од страна на ЕК.

Пакетот ги опфаќа шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, потоа Грузија, Молдавија, Украина, како и Турција, која што се уште официјално има статус на држава кандидат за членство.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во пресерт на објавувањето на извештаите во понеделникот изјави дека очекува документот за земјава да биде објективен и во него да има признание за постигнатото, но и критика за сите слабости.

– Очекувам објективен извештај. Европската комисија обично е објективна во своите проценки. Мислам дека ќе има и пофалби во однос на постигнувањата, а се разбира ќе има и критики во однос на одредени слабости што ги има државата, изјави Османи во одговор на новинарско прашање за тоа каков извештај очекува од ЕК.

Според него, државата прави напори да ги почне преговорите по поглавја за да може да ги адресира слабостите кои постојат.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на редовен неделен брифинг информира за последните актуелности од надворешната политика.

– Ние сите сме свесни дека државата денес не е спремна за членство во ЕУ, но е спремна за отворање на поглавјата за да ги адресира токму тие слабости коишто очекувам да ги констатира ЕК во извештајот, додаде Османи.

Претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен при минатонеделната посета на Скопје, во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, рече дека колку е подобар процесот на реформи, толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување на државата во ЕУ.

– Постои прозорец на можности што сега е отворен. Процесот не е толку строг и се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум, изјави Фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ сака да и се приклучат земјите од Западниот Балкан, но дека за тој процес е потребно да се подготват и Унијата и кандидатите за членство.

Според неа, добро е што во ЕУ веќе е започната дискусијата за тоа што треба таа да направи за да биде подготвена за прием на нови членки.

– Ова не беше случај во текот на минатиот мандат. Нешто значително се промени во овој мандат и работите стануваат конкретни. И затоа е и мојата молба и охрабрување за движење напред во различните држави од Западен Балкан. Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување и тоа е навистина важно. Ајде заедно да го искористиме овој момент, нагласи Фон дер Лајен.

Таа истакна дека земјава е на добар пат да се приклучи кон на ЕУ и дека со нетпрение очекува да ја пречека како полноправна членка.

– Морам да кажам дека е навистина неверојатно да се види напредокот што го постигна Северна Македонија, како и нејзината решителност да се движи напред во вистинската насока. Тоа е импресивно. Знаеме дека ЕУ има долга историја на пристапување и постојано се работело на проширувањето и на почитување за сите, на секоја нација и на разноликоста која ја претставуваме. Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денес веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик, додаде Фон дер Лајен.

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вчера во обраќањето на Годишната конференција на амбасадорите на ЕУ во Брисел порача дека Унијата на кандидатите за членство мора да им понуди кредибилен пристапен пат, кој ќе донесе резултати во реформскиот процес и ќе го намали економскиот јаз.

Според Вархеји, процесот на проширувањето стана стратешки одговор на Унијата за мир, стабилност и просперитет во услови на фрагментиран свет.

Иако од ЕУ посочуваат дека главен критериум членство и натаму остануваат индивидуалните постигнувања и исполнувањето на Копенхашките критериуми, сепак руската агресија врз Украина и новосоздадениот геополитички контекст даде нов поттик на проширувањето и ги зголеми надежите на земјите од Западен Балкан за побрз прием во Унијата, за што како термин во игра е 2030 година.

Во такви услови главно прашање во Брисел е дали Европската комисија ќе поддржи старт на преговорите за членство со Украина. Според, медиумски извештаи, ЕК ќе се изјасни позитивно за почеток на преговорите со Украина, Молдавија, а можеби и со Босна и Херцеговина, која е единствената земја од Западниот Балкан покрај Косово, која се уште го нема започнато преговарачкиот процес со Унијата. Информациите за можното „зелено светло“ за БиХ предизвика реакции кај дел од диполматите во ЕУ, кои оценија дека земјата не заслужува таков статус, бидејќи бележи наздување во однос на владеењето на правото.

Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењ

Сепак, последниот збор околу процесот на проширување ќе го имаат лидерите на ЕУ на Самитот предвиден за 14 и 15 декември. Неофицијално во Брисел се споменува можноста еден ден пред ова заседание на Европскиот совет, на 13 декември, да се одржи „специјален“ самит на ЕУ со лидерите од земјите од Западниот Балкан.

Од друга страна, според дипломатски извори, високиот претставник на ЕУ за надворешни политика и безбедност Жосеп Борел ги поканил шефовите на дипломатиите на земјите од Западниот Балкан на средба в понеделник во Брисел на која би се разговарало за надворешнополитички прашања.

Земјава аплицираше за прием во ЕУ во март 2004 година, по што во декември следната година доби статус на држава кандидат за членство. Од 2009 година, Европската комисија, со поддршка на Европарламентот, постојано препорачуваше старт на пристапните преговори, но тие не започнаа поради спорот со Грција околу името.

Спорот беше решен со Преспанскиот договор склучен во јуни 2018-та, кој стапи во сила во февруари следната година. Уште истиот месец по потпишувањето на Договорот, Советот на ЕУ се согласи на отворање на пристапните преговори со земјава, под услов таа да ги исполнува потребните услови. Во март 2020 година, Советот на ЕУ конечно одлучи да одобри почеток на пристапните преговори без да поставува дополнителни услови, по што во јули истата година, Европската комисија ја претстави нацрт-преговарачката рамка, врз основа на ревидираната методологија за проширување.

Конечно, по усогласување на конечната верзија на рамката, во јули 2022 година земјава заедно со Албанија формално ги започна преговрите, кои стратуваа со скринигот, како прва фаза во преговарачкиот процес. Согласно договорената преговарачка рамка, по завршувањето на скрининг процесот земјава треба да ги подоложи преговорите за членство по кластери и поглавја, под услов да изврши промена на Уставот.

Постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање  за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на

Во јули годинава Владата го усвои текстот на предлогот за уставни измени, по што документот влезе во собраниска процедура. Со предлогот изработен врз основа на Заклучоците на Собранието донесени на седницата одржана на 16 јули 2022 година во врска со Заклучоците на Европскиот совет, заедничкиот став и воведната изјава на ЕУ на политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, се предивидуваат измени во Прембулата и амандманите 12 и 36 на Уставот.

Во Преамбулата по текстот „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ“, се става запирка и се додава: „бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ“.

Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.

Со измените на Амандманот 36 со кој се заменети членот 49 и Амандманот 2, се предлага уставната обврска на Републиката за грижа за дијаспората на македонскиот народ и за деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, се предлага да се дополни со уставна обврска за грижа и за дијаспората на деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

Со измените пак на Амандманот 12 со кој е замент членот 78, се предлага промена на бројот на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците од досегашните 19 да се зголеми на 43 члена, при што по 16 члена би биле од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

 

Tags: ЕУЗападен Балканизвештајкандидати за членство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ