• Latest

Спасовски: Борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на МВР

November 21, 2023

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Спасовски: Борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на МВР

November 21, 2023 17:37
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обрати на Регионалниот состанок на претставници на гранична полиција и Царинска управа од Југоисточна Европа, во организација на Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна Европа (SEESAC) и Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС. На состанокот присуствуваа заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен Нупнау, како и полициски службеници од граничните полициски и царински служби во регионот на Југоисточна Европа.

Истакнувајќи ја партнерската соработка со SEESAC и ФРОНТЕКС, Спасовски во своето обраќање истакна дека управувањето и зајакнувањето на границите со цел справување со сите форми на прекуграничен криминал, меѓу кои и недозволената трговија со оружје, е еден од приоритетите на МВР, но во исто време и еден од најголемите предизвици, а во таа насока, борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на Министерството за внатрешни работи.

„Во таа насока, согласно стратешката определба на Република Северна Македонија за пристапување кон ЕУ и усогласување со европските директиви, оваа година ја донесовме Националната стратегија за контрола на мало и лесно оружје и национален акциски план за 2022-2025 година. Во завршна фаза на усвојување е Прирачникот за мало и лесно оружје за граничните и царинските службеници, во соработка со Фронтекс, а во соработка со ОБСЕ донесена е и Стандардната оперативна процедура за прибирање и следење на податоци и информации за известувања поврзани со мало и лесно оружје”, нагласи Спасовски.

Тој додаде дека МВР континуирано работи и се залага за зајакнување на своите капацитети и тоа јасно се гледа преку редовното учество на нашите експерти на регионалните состаноци за огнено оружје на земјите од Југоисточна Европа, организирани од страна на SEESAC, со цел продлабочување на регионалната соработка во борбата со нелегално поседување и трговија со огнено оружје во Југоисточна Европа, преку меѓусебна размена на искуства.

Спасовски истакна дека активно се работи и на спроведување на сите планирани активности за остварување на поголеми резултати во подигнувањето на јавната свест за опасностите од злоупотреба на огнено оружје, спречување на трговијата со оружје, како и воспоставување ефикасни системи за размена на информации.

„Неодамна одржаната Обука за етика во информирање на јавноста за родово базираното насилство, со фокус на инциденти со злоупотреба на огнено оружје, организирана од SEESAC, на која учествуваа и вработени во МВР но и медиуми, беше уште една убава можност да се поработи во истата насока”, порача Спасовски на крајот од своето обраќање, заблагодарувајќи им се на организаторите за денешниот регионален состанок, при што ги поздрави напорите да продолжат да се организираат настани од ваква природа, со кои ќе се подигне свеста во борбата против злоупотребата на огненото оружје.

 

Tags: SEESACконтрола на оружјеМВРрегионален состанокСпасовскиФронтекс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ