Руските напаѓачи го нападнаа Степнохирск , во близина на Запорижја со дрон, за време на испорака на хуманитарна помош. Една жена загина, а уште две лица се повредени, соопшти полицијата на регионот Запорижја, пренесе Укринформ.
„Во Степнохирск, при истовар на автомобил со хуманитарна помош, окупаторите уште еднаш го нападнаа цивилното население со беспилотно летало камиказа. Остатоците од дронот повредија цивили кои добиваа помош“, се вели во соопштението.
Според полицијата, во нападот била убиена 77-годишна жена, а други двајца мажи се хоспитализирани со тешки повреди.
Д. Т.