• Latest

Од ЕУ најавија шест дополнителни летови со хуманитарна помош за Газа

December 6, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ

Од ЕУ најавија шест дополнителни летови со хуманитарна помош за Газа

December 6, 2023 15:42
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на напорите за зголемена поддршка како одговор на актуелната криза на Блискиот Исток, ЕУ во текот на овој месец планира да организира уште шест нови хуманитарни летови за испорака на помош за луѓето во Газа, соопшти денеска Европската комисија,пренесе МИА.

Со ова, вкупната помош од ЕУ за цивилното население во Газа ќе надмине 1.000 тони.

Новата хуманитарна помош ќе се состои првенствено од објекти за сместување, средства за хигиена и медицинска опрема, обезбедени од хуманитарните партнери на ЕУ и од донации од Белгија, Германија, Грција, Луксембург, Ирска, Португалија, Словачка и Шпанија.

– За да обезбеди сеопфатен одговор на кризата, ЕУ исто така ја зајакнува својата поддршка за египетскиот здравствен систем, кој мора да се справи со приливот на лица евакуирани од Газа. Преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, Унијата овозможи доставување на помош за Египет од Шведска, Шпанија, Австрија, Полска, Италија и Германија, се наведува во соопштението.

ЕК информира и дека еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска присуствува на состанок во рамки на хуманитарната конференција за Газа, организирана од француската Влада, на кој ја повтори посветеноста на ЕУ за помош на населението во Појасот.

– Со продолжувањето на војната во Газа, хуманитарните потреби на погоденото население никогаш не биле поголеми. Во исто време, последиците од кризата се одразуваат и врз соседните земји, како Египет. ЕУ работи неуморно со своите хуманитарни партнерите, земјите членки и меѓународните организации за да се обезбеди сеопфатен хуманитарен одговор и помош за цивилите на кои им е најпотребна, додаде Ленарчич.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result