Руската Федерација, најверојатно, премина на поголема усогласена кампања со цел да ја деградира енергетската инфраструктура на Украина, според британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на разузнавачки извештаи, јавува Укринформ.
Британските разузнавачи потсетуваат дека во ноќта на 7 декември, за прв пат од 21 септември 2023 година, Русите извршија бран моќни напади врз Кијив и централниот дел на Украина користејќи тешки бомбардери.
„Ова веројатно беше почеток на поусогласена кампања од страна на Русија, чија цел е да ја деградира енергетската инфраструктура на Украина“, се вели во извештајот.
Во извештајот на британското Министерство за одбрана се вели дека руските авиони, најверојатно Ту-95, лансирале најмалку 16 крстосувачки ракети од воздух од нивната типична оперативна област над Каспиското Море. Тоа беа ракети Kh-101 (познати како AS-23a KODIAK во земјите на НАТО).
Но, како што е наведено во извештајот, повеќето од овие проектили биле успешно пресретнати од украинската противвоздушна одбрана. И покрај тоа што едно лице загина како резултат на рускиот напад, нанесената штета беше минимална.
Д. Т.