• Latest
Фото: МИА

Судскиот совет по трет пат ќе објави оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии

December 12, 2023

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судскиот совет по трет пат ќе објави оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии

December 12, 2023 13:00
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на денешната седница соопшти дека и на вториот оглас за избор на член на Советот од редот на врховните судии не се пријавил никој и повторно донесе одлука за објавување на нов оглас за избор на член од Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Членот Селим Адеми, на денешната седница нагласи дека не треба во јавноста да се добие перцепција дека судиите од Врховен не сакаат да се пријават, всушност, како што рече „нема кој да се пријави“.

– Да нема лоша перцепција дека не сакаат да се пријавуваат. Бројот на судиите што се таму е еден претседател, еден поранешен, друг бил па дал оставка, двајца се пред пензија, а на другите им се забранува, рече тој.

Останатите членови не се согласија дека на денешната седница треба да се расправа за подробностите од овој избор, туку донесоа одлука да се распише оглас, а во меѓувреме на колегиум да расправаат по прашањето на изборот.

На седницата беше формирана и комисија за рангирање на изборот на член од Врховен суд.

Од редот на врховните судии во Судскиот совет претходно беше судијката Мирјана Радевска-Стевкова, која даде оставка поради случувањата во Советот за кои во јавноста имаше многу реакции.

Потоа, на огласот по оставката на Радевска-Стевкова, беше избран судијата Наќе Георгиев кој мораше да поднесе оставка на денот на заклетвата во Собранието, бидејќи во истиот момент неговиот син требаше да биде избран за судија, по што беа пуштени два нови огласи со одлука од 451 и 454 седница на Судски совет на кои што не се пријави никој.

На денешната седница беше донесена и одлука за избор на двајца судии поротници на Апелациониот суд Скопје и беше одлучено позитивно по барања за патни трошоци за две судијки од Основен кривичен суд кои се времено упатени во Основен суд Свети Николе и Основен суд Струга.

Јавноста беше исклучена од точката за формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ