• Latest

Лога: Стратегија за развој на правосудниот систем е патоказ за наредните 5 години за враќање на довербата на граѓаните во судството

December 28, 2023
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лога: Стратегија за развој на правосудниот систем е патоказ за наредните 5 години за враќање на довербата на граѓаните во судството

December 28, 2023 16:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Кренар Лога и претседателот на работната група Академик Владо Камбовски ја презентираа Развојната Стратегија за правосудството која беше усвоена на последната валдина седница а со која се предвидени суштински реформи.
,,Ова е стратешки документ кој се донесува заради утврдување, планирање и спроведување на политиките за натамошен развој на првосудниот систем. Покрај прашањата поврзани со судството, Стратегијата предвидува и низа мерки во други области кои се значајни за извршување на функциите на правосудниот систем и ефикасно остварување на правата на физичките и правните лица пред правосудните органи.  Основната цел е да се почитува начелото на владеење на правото и да се врати довербата на граѓаните”, рече Лога.

Претседателот на работната група ,Академик Владо Камбовски посочи дека се наоѓаме во време кога пред нас е започнување на преговори со ЕУ, а без напредок на тој кластер не може да се водат преговори. Како главен ризик фактор за спроведување на Стратегијата ја посочи политиката.

Како што соопштија од Министерството за правда, Стратегијата во целост е усогласена со препораките на Оценската мисија за Судскиот совет.  Во неа се предвидени активности за зајакнување на изборот, дисциплинската постапка и разрешувањето на судиите и јавните обвинители. Исто така, посочуваат од Правда, со неа се предвидува зголемување на транспарентноста на двата совети со одржување јавни седници кои ќе имаат директен пренос,  реформи и во изборот, одговорноста и разрешувањето на претседател и членови на Судскиот совет.

Стратегијата предвидува измена на Законот за Судски совет во поглед на постапката за избор на членови од редот на судии со предвидување цензус, измена на Законот за Совет на јавни обвинители, измена на Закон за судови и Закон за јавно обвинителство и прецизирање на постапката за избор на јавен обвинител на ОЈОГОКК.

За зајакнување на капацитетите посочени се низа активности за Врховниот суд, јавните обвинителства и судовите. Целосно функционални АКМИС систем и систем за управување со предмети во јавни обвинителства, реформи на Уставниот суд, адвокатура, нотаријат, медијација и извршување и унапредување на институционалната рамка за вршење на адвокатската дејност,зголемување на ефикасноста, дигитализацијата и одговорноста на извршителите.

Во однос на законодавната агенда предвидени се донесување на законската рамка за кривична и граѓанска материја. – нов Кривичен законик, Закон за кривична постапка, Граѓански законик.

Стратегијата беше дадена на мислење на Европската Комисија кое беше доставено до Министертсвото за правда на 27.11.2023 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ