• Latest

Маричиќ: Интеркултурализмот на патот кон ЕУ e акселератор што се посветува на принципите, регулативите и политиките во едно мултикултурно општество

January 15, 2024

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Маричиќ: Интеркултурализмот на патот кон ЕУ e акселератор што се посветува на принципите, регулативите и политиките во едно мултикултурно општество

January 15, 2024 15:57
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денес претседаваше со Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот каде што беше разгледана и усвоен нацрт текстот на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2024-2026, со соодветен тригодишен акциски план. 

Вицепремиерот се обрати на присутните со пораките за важноста на стратегијата која беше усвоена и според која се планираат проекти и политики. : 

Стратегијата е исцртување на една од главните карактеристики и вредности на нашата земја, која во светот веќе се препознава: определбата да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Да изградиме граѓанско општество, со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики, како суштина на нашето заедништво што се градеше со векови и кое претставува обврска за нашата заедничка иднина.

Различностите ги сметаме за наша предност, наше заедничко богатство. Токму духот на тоа заедништво од Стратегијата ќе направи жив инструмент за превенција од доминација на етноцентрична култура, што не е модел кон кој се стреми нашата земја. Моделот на Р. Северна Македонија започнува со почитувањето на сите заедници и создавањето можности за различните заедници да соработуваат, се надополнуваат и меѓусебно се збогатуваат.

Интеркултурализмот e чекор повеќе од Мултикултурализмот, и повеќе се посветува на принципите, регулативите и политиките во едно мултикултурно општество што формално се признаваат и го афирмираат постоењето на различностите и посебните заедници, етаблираат и ги гарантираат нивните посебни права, еднаков статус и соодветната заштита.

Централна цел на интеркултурализмот е да овозможи испреплетување, соработка и активна заедничка егзистенција. Интеркултурализмот е пристап чија задача е да развива кохезивни граѓански општества преку трансформација на еднодимензионални во повеќедимензионални идентитети и преку развој на заеднички вредносен систем и јавна култура. Предностите кои го карактеризираат овој пристап се интеракција и дијалог, стремеж кон заедништво и силна социјална кохезија.Ништо не сме постигнале ако различните култури само постојат за себе, едни покрај други, изолирани едни од други. Интеркултурализмот ги надминува овие состојби и овозможува контакт и соработка, заедничко живеење на различните култури.

На последната седница од ова Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, беа едногласно усвоени ревидираните оперативни обрасци од Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2024-2026, со соодветен тригодишен акциски план. 

На седницата присуствуваа членови на оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, во состав Роберт Алаѓозовски претседател на координативното тело и национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик министерот во министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко и други преставници на координативното тело. ​

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ