• Latest

Јован Митрески избран за претседател на Собранието

January 26, 2024

Германија и Франција во нон-пејпер до ЕУ бараат да ја реши кризата во БиХ и да го изолира Милорад Додик

May 24, 2025

Трамп се закани со 50 отсто царина за сите стоки од ЕУ

May 24, 2025

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Русија изврши воздушен напад врз Кијив рано утринава

May 24, 2025
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј

May 24, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јован Митрески избран за претседател на Собранието

January 26, 2024 13:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Јован Митрески за претседател на Собранието.

Митрески, кој беше досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај, и откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела на 28 јануари.

-Како секој пратеник, така и за мене изборот за претседател е голема чест, но пред се одговорноста е уште поголема. Во таа насока ве уверувам дека со посилен интензитет ќе продолжам да работам во интерес на функционалноста и ефикасноста на Собранието, секако во согласност со Уставот, со Деловникот, со законската регулатива, но пред се во интерес на граѓаните и државата, рече Митрески.

 

Изрази верување дека заеднички ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата бидејќи за млади демократии како нашата тоа е важно да го правиме ској ден.

-Останувам отворен за соработка со сите пратенички групи, се додека гледам, мислам и чуствувам дека тоа што се прави од спротивната страна е во интерес на граѓаните и државата, затоа што интересот на граѓаните и на државата е врвен интерес на сите нас, рече Митрески.

Тој изрази благодарност за поддршката и за довербата која му ја дадоа пратениците со нивното гласање, како и до досегашниот претседател Талат Џафери и до генералната секретарка Цветанка Ивановска и до нејзините заменици за успешното менаџирање, како и до вработените во Собранието.

Новиот спикер даде свечена заклетва, по што како што е најавено ќе има примопредвање на фукцијата и куси изјави на Џафери и Митрески.

Бо расправата по предлогот зборуваа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Димитар Апасиев од Левица. Пратениците од Европскиот сојуз на промени не присуствуваа на седницата за избор поради бојкот.

Фактот што зад Митрески застанале пратеници од најголемиот број парламентарни партии во Собранието, според Мартин Костовски од СДСМ, зборува не само за кохезивниот потенцијал на Митрески, туку и за довербата што пратениците ја имаат во него и неговото искуство да ја преземе функцијата без никаков проблем.

Осврнувајќи се на биографијата на Митрески, посочи дека тој е човек кој целата своја енергија ја дава за подобар развој и подобра иднина на неговата држава. За пратеник во Собранието од редовите на СДСМ е избран во 2014 година, и во многу наврати, како што рече, го покажал својот одговорен пристап во вршењето на функцијата пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

– Како координатор на СДСМ и коалицијата, но воден од принципите на одговорност пред граѓаните, целосно одговорно работејќи посветено за нивните интереси направи се да се унапреди дијалогот во Собранието, истакна Костовски.

Спомна низа законски решенија и одлуки кои беа донесени во Собранието, а овозможиле државата да оди напред, меѓу кои и ратификацијата на Северноатланскиот договор со кој формално станавме 30 членка на НАТО.

-Граѓаните заслужуваат да ги водат политичари со интегритет на кои приоритет ќе им биде просперитетна иднина на државата, а не тесно партиските кусогледи интереси, нагласи Костовски.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми изрази уверување дека со изборот на Јован Митрески за претседател, Собранието ќе продолжи да работи во согаласност со европски принципи и стандарди, правилата и процедурите предвидени во Уставот, во Деловникот за работа и законската регулатива, но и во интерес на граѓаните на РСМ.

– Сметам дека предлогот досегашниот кординатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Митрески да биде избран за претседател на Собранието е најдобриот избор што можевме да го направиме, доколку сакаме да продолжиме по патот кој сите го трасиравме изминативе речиси седум години. Верувајте дека како координатор на пратеничката група на ДУИ со посебна почит гледам кон господинот Џафери, учејќи од неговото искуство и мудрост, знаење, трпеливост и одговорност и токму затоа мојата одговорност како пратеник, координатор и како човек уште поголема довербата за нов претседател да ја дадам за оној кој ги поседува вредностите кои се неопходни да се обезбеди демократски напредок и развој на Собранието, рече Адеми.

Собраниеот на РСМ, нагласи, е место во кое сите ние како претставници на граѓаните треба да ги браниме нивните интереси, да се залагаме за унапредувањето на нивниот животен стандард, за подобри здравствени и социјални услуги, да обезбедиме европска иднина за нашите граѓани и за нашите деца. Место на кое треба да има натпревар на идеи, аргуметни, а победник треб ада биде интересот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше Јован Митрески од СДСМ да биде претседател на Собранието до одржувањето на изборите.

Координаторот на опозициската партија Никола Мицевски соопшти дека Митрески не може да го поправи она што се случувало во изминатите шест години во законодавниот дом затоа што и тој, како што рече, директно или индиректно бил учесник во процесите и настаните во кои наместо интересите на граѓаните, во прв план биле личните интереси и партиските пазари.

Зборувајќи за изминатите четири години „неработа и нефункционалност на Собранието“, рече дека законодавниот дом бил „непресушен извор на самоволие“, место на преседани и недемократско однесување, дека Собранието потфрлило во улогата да се биде контрола на извршната власт, секојдневно се злоупотребувало европско знаменце кое „се лепело“ за секој закон што нема врска со ЕУ-интеграцијата.

-Во овој мандат видовме се и сешто, но не и европско собрание… Најмногу скандали и преседани во просек за ден. Деловникот на Собранието како никогаш досега беше погазуван и непочитуван и речиси немаше вредност и тежина, со негова селективна примена…Кршење на Етички кодекс на пратениците, среде Собранието беше погазуван и Уставот… Урнисавте и погазивте речиси се што може да се погази, ова мнозинство покажа огромна неконзистентност во ставовите и политички акробации, се со цел да се задржи гола власт по секоја цена и личните интереси да бидат пред интересите на народот, рече Мицевски.

Соопшти дека во овој мандат биле прифатени само три од 60 предлог-закони што ги поднела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Уште „не виделе бел ден“, како што рече, ниту пет информации што ги поднеле за разгледување, декларации и  предлог-одлуки, а на дневен ред на седница не дошле ни шест интерпелации што ги поднеле за работата на именувани носители на функција.

Првпат во неговата историја во Собранието, додаде тој, се заклучувале вратите во пленарна сала и се ограничило слободното движење на пратеници зашто владејачкото мнозинство не можело да обезбеди кворум и првпат имало судска пресуда за опозициски пратеник за искажан збор од собраниска говорница.

Како никогаш досега, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, не била толку критикувана работата на Собранието од Европската комисија, од други меѓународни и невладини институции и од јавноста.

ФОТО: МИА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ