• Latest

Личности и антифашизам: На 100-годишнината од смртта на Ленин

January 26, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Личности и антифашизам: На 100-годишнината од смртта на Ленин

January 26, 2024 20:02
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БОРКО ЗАФИРОВСКИ

Неделникот на FIR (Федерацијата на ветерани и антифашисти) од перото на Генералниот секретар д-р Улрих Шнајдер во последниот број (2024-3) посвети внимание на 100- годишнината од смртта на Владимир Илич Улјанов, познат како Ленин, кој почина на 53 години во Горки крај Москва, на 21 јануари во 1924 после тешко боледување.

Ленин беше историска личност која се залагаше за развојот на Руската социјалдемократска работничка партија(СДАПР) и формирање на болшевиците како јадро на револуционерното движење против царскиот режим.

Тој формулираше фундаментални анализи во егзилот во Швајцарија, а покасно во илегалноста во Финска. Освен заложбите за трансформација на државата, познат е и по „Уредбата за мир” од 1917 година, со која Русија го прекина учеството во Првата светска војна и „Уредбата за земја” , која ја иницираше економската трансформација на царското владеење.

„Неговата смрт предизвика социјална жалост не само во Советскиот сојуз, туку беше регистрирана и ширум светот вклучително и меѓу антифашистите”.

Иако сите политички позиции беа споделени, тој се доживувал како претставник на држава, чиј развој беше следен со голем интерес и се гледал како алтернатива на шовинистички и националистички аспирации во многу земји. Некои од потписниците на повикот за „Светска лига против фашизмот” биле членови на различни организации во рамки на „Пријатели на Нова Русија”.

Авторот на текстот во FIR Newsletter, Др. Шнајдер, говори за двопартиски (повеќепартиски) политички активности во сојуз против големото зло, фашизмот.

Во тој контекст, потсетува и на други обединувачки моменти во светската историја, па ја наведува и состојбата околу смртта на американскиот претседател Теодор Рузвелт во 1945, кога веќе целосно функционираше заедничкиот фронт на антифашистичката коалиција, со што се зацврстуваше потребата и концептот на една глобална координација ,што се преточи во формирање на “Организацијата на Обединетите нации”. Значи, соработката на плурални политики и единството во делувањето кон единечни предизвици продолжува низ историјата и преку анти- колонијализмот на Лумумба во Африка, а посебно преку неврзаните земји чиј лидери, предводени легендарната личност на војсководецот, антифашист и политичкиот обединувач во полза на мирот и светскиот просперитет, претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито.

На 100-годишнината од смртта на Ленин, денес во 2024 година, кога силно се слуша татнежот на локални или се повеќе на регионални војни, стравотно опоменувачки за целиот свет, стојат отворени и висат пред нашата одговорност и разумот, прашањата за движечките сили на судирите формулирани во овој, 21- ви век. Време што се посакуваше како општ напредок на човештвото, стопанството, науката и јавната мисла, менталноста на модерниот човек. За жал не сме биле реални а себичноста, хегемонизмите врз империјализмот и ретроградните племенски национализми, ги чкрткаат настаните, луѓето и ја преправаат со алхемии и реалноста што ја мислевме за минато. Наместо нови и пошироки погледи, денес се окупираме и не окупираат, со извртени новокомпонирани и шпекулантски теории политики и медиокритетските политичари.

На Исток крцкаат цокули веќе од 2014 та, за да се отвори кланица меѓу два братски народи, што историјата илјади години ги преплетува во добро и зло. Таа историја што и не ја познаваме доволно, како ни сопствената, која зборува не само за Исток и Запад, туку и за Север и Југ, вечните патишта преку Украинската земја на војски и трговски каравани.

Некои а конкретно и лидерите, на прв план претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, го актуелизира феудалниот поим на Свет, при што се мисли на своја сопственост-Рускиот свет. Дури и пред Петар Велики со мориња и морнарица, со мајстори, проектанти и научници од Западна провиниенција а без богомолска  ксенофобичност низ руските степи, брда и планини, без Синодот свикан од Царот.

Да се потсетиме: во екот на опадната самодоверба за блиц окупација на Украина и уривање на државните институции и водачи, господинот В. Путин ги “дооправдуваше” воените злостори врз историско право и грешки во минатото( Крим), како и грешки (и гревови) на политиките на В.И.Ленин. А зошто баш Ленин а не некој друг од маркантната Руска политичка галерија?

Веројатно, затоа што принципот на суверенитетот и “националното прашање” во светот е познато како Ленинова заложба. На таа национална правдољубивост се приклучија и обединија земјите на Советскиот сојуз, што го применија и создавачите на СФРЈ, па на пример, нашата земја си го презеде дадениот суверенитет, дистанцирана од туѓи национализми.

Дали Путин му се “лути” на Ленин заради праведни национални политики, на кои има право Украина? Убеден сум дека одговорот е-да! Но што правиме со фашизмот и антифашизмот, ете кај Ленин?

Контрадикторно алиби на Руската државна машинерија, со злоупотреба на поимот и славата, стекнати во Втората светска војна.

На 100- годишнината од смртта на Ленин, ние гледаме дека проблематиката не се унапредила, баш многу.

Догми во „идеологии” без идеи, догми во цркви без еволуција.

Царот ќе го свика или не Синодот, а ќе одлучи што му се посакува. Во бункер. Таму, назад во Кремљ. Сепак во поосиромашена земја, да смисли нови чуда за сите нас.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ