КАТЕРИНА КОЛОЗОВА
И ВМРО не се тоа што беа на локално ниво, ниту „градат“, ниту чистат. Го нема претприемничкиот менталитет на Грујо (да, сега го фалам – и bad guys имаат некои квалитети).
Еве, сега МВР го води ВМРО, сѐ што добивме е пет сообраќани патроли на само едната страна од патот 179 км долг.
Личните и пасошите, како? Ем си идат и ќе си идат со „Северна“ ем не ни ги даваат. Нација со ефективна забрана за напуштање граница како да е во притвор.
Да, и самиот народ е крив што не си се јавил на време, но до ова не смее да дојде со напор на државата.
Овој јавен сектор е направен да го јаваат партиите, администрацијата секогаш ќе биде хибридно-режимска.
Единствената разлика е намерата и стилот: да се биде демократичен и да се услужи народот со скапаниов систем (да, системски е) или не, кој што прави со угнетувачкиот апарат наречен „јавна администрација.“
СДСМ се криви што не ја превртија логиката кон одзаробување на суштинско ниво, но едно правеа сигурно – реагираа на јавен притисок, имаат повисок степен на демократичност, гарантираат ЕУ.
Со овие и нивниот инает (за едно малцинство плус), паранојата за преговорите, ќе останеме депонија од држава, недефиниран терен додека и Босна и Албанија и Србија си седат на масата на ЕУ.
ПС. Оливер бар ви ги продолжи личните карти пред да си оди, инаку ќе беше парализиран цел систем.












