Како последица на разорниот земјотресот што се случи лани, на 6 февруари 2023 година, загинаа повеќе од 53.000 луѓе во Турција, а милиони останаа без покрив над глава, објави Ројтерс.
Хулја Ѓул (54) покажува слика од себе со нејзината мајка Сухејла Карајилан (73), која загинала за време на земјотресот, на расчистена станбена локација каде некогаш се наоѓала куќата на нејзината мајка во Хатај, Турција, на 3 февруари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
исчистена станбена локација каде што стоеле згради пред земјотресот во провинцијата Хатај, Турција, на 2 февруари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Град со контејнери во Искендерун, во провинцијата Хатај, Турција, 2 февруари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Ѓулџан Јилмаз (47), која беше спасена од урнатините на осумкатницата Сендаг пет дена по земјотресот и ги загуби нозете и десната рака, разговара со мајка си и брат ѝ во нејзиниот монтажен дом во населбата Екинџи во Антакија во провинцијата Хатај, Турција. , 31 јануари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Исчистена локација каде што до лани стоеле згради гледана низ прозорецот на оштетената зграда во Хатај, Турција, 2 февруари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Жена со куче покрај куќите уништени од земјотресот во Хатај, Турција, 5 февруари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Мачка седи на прозорецот од зграда оштетена од земјотресот во Хатај, Турција, 5 февруари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Нови станбени згради кои се градат за луѓето кои останаа без покрив над главата по земјотресот во провинцијата Хатај, Турција, на 2 февруари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Абдулалим Муаини лежи во кревет и ги гледа сликите од неговите деца и сопругата кои загинаа во земјотресот, во Бурса, Турција, на 4 јануари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Пазар во Хатај, Турција, 5 февруари. Фото: REUTERS/Умит Бекташ
Луѓето се собираат за да ја одбележат годишнината од земјотресот и да се сетат на изгубените семејство и пријатели, во Хатај, Турција, Фото: REUTERS/Умит Бекташ