• Latest

Конститутивна седница на новиот состав на ДКСК, за решавање имаат 581 предмет

February 16, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Конститутивна седница на новиот состав на ДКСК, за решавање имаат 581 предмет

February 16, 2024 13:28
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот седумчлен состав на Антикорупциската комисија, кој на 8 февруари го почна мандатот за 2024-2029, има вкупно 581 предмет кои ќе ги распределат за решавање во претстојниот период. Од нив, 547 се преземени од претходниот состав на ДКСК, а 34 предмети се од 8 до 13 февруари.

Тоа го соопшти претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, на првата седница на Антикорупциската комисија во која членуваат Цвета Ристовска, Софија Спасова-Медарска, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова-Шулев, Сервет Демири и Зоран Богоевски, пренесува МИА.

Информирајќи за бројот на предмети и за нивната структура по области, Димитровска на конститутивната седница рече дека од 547-те што ги наследиле од претходниот состав, 481 биле примени до 31 декември 2023 (401 за имотна состојба, 46 за судир на интереси, 26 за спречување корупција и осум предмети за антикорупциска проверка на легислатива) и 66 примени од 1 јануари до 7 февруари 2024 (два за имотна состојба, девет за судир на интереси, 54 за спречување корупција и еден предмет за антикорупциска проверка на легислативата).

Од 34-те предмети што тие ги добиле откако стапија на функција до 13 февруари, соопшти Димитровска, еден е за имотна состојба, три за судир на интереси, 28 за спречување корупција (21 од нив за барање мислење) и два предмета за антикорупциска проверка на легислатива.

Во однос на претстојните двојни избори и надлежностите што ги има ДКСК, Димитровска рече дека во насока на навремено и транспарентно информирање за законитоста на користењето и располагањето со буџетски средства од денот на распишување до денот на завршување на Претседателските и на Парламентарните избори, до 1215 засегнати страни – медиуми, граѓански организации, буџетски корисници, политички партии итн. пратиле известување, објавено и на нивната веб-страница, во кое укажуваат на сите забрани кои институциите имаат законска обврска да ги почитуваат.

-ДКСК во функција на следење и контрола на законитоста на финансирањето на изборната кампања и на севкупниот изборен процес ќе остварува непосредна соработка со медиумите, здруженијата на граѓани и со граѓаните и за таа цел ја охрабруваме целокупната јавност навремено да ги пријавува конкретните случаи на прекршување на забраните утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Изборниот законик, истакна Димитровска.

Претседателката на Антикорупциска соопшти дека согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси, ДКСК нема надлежност и не дава мислење по доставени барања за мислења поврзани со начинот на постапување на органите на државната и на локалната власт и на другите државни органи основани согласно Устав и закон – фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва и други институции основани од државата.

На конститутивната седница членот Зоран Богоевски беше избран за заменик-претседател на ДКСК, согласно одредбата потпретседател на Комисијата да се назначува ротациски на секои шест месеци по азбучен ред на презимето.

Tags: ДКСК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ