• Latest

Последен обид на Џулијан Асанж да избегне екстрадиција во САД

February 21, 2024

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Последен обид на Џулијан Асанж да избегне екстрадиција во САД

February 21, 2024 14:57
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Адвокатите на основачот на Викиликс  започнуваат процес што би можел да биде негов последен обид да избегне екстрадиција во САД каде што се соочува со судење и долги затворски казни за оддавање воени тајни.

На дводневното рочиште во Високиот суд во Лондон се очекува неговиот правен тим да инсистира да му се дозволи целосна жалба. Нема гаранција дека ќе биде одобрено, а доколку биде одбиено, тој може да биде предаден на американските власти во рок од неколку недели.

Поддржувачите на основачот на Викиликс велат дека тој открил неправилности, но според САД, Џулијан Асанж загрозил многу животи.

Маратонската правна битка на Асанж започна во 2010 година кога Викиликс откри мноштво доверливи воени документи од војните во Ирак и Авганистан, вклучително и снимка на која се гледа како американски хеликоптер гаѓа цивили во Багдад.

Седум години беше засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон, пред да биде уапсен од Метрополитен полицијата во 2019 година.

САД бараа негова екстрадиција од Велика Британија таа година, велејќи дека неговите откритија ги ставиле во опасност животите на луѓето.

Две години подоцна, британски судија пресуди дека иако САД покажаа дека имаат легитимно кривично дело против Џулијан Асанж, тој не може да биде екстрадиран бидејќи може да се обиде да си наштети.

Америка подоцна ја поништи таа пресуда откако и даде на Велика Британија нови гаранции дека Асанж ќе биде третиран хумано, вклучително и можност тој да ја одлежи евентуалната затворска казна во неговата родна Австралија.  Нивните адвокати, исто така, постојано ги негираа тврдењата од кампањата на Асанж дека тој може да биде осуден на 175 години затвор.

На сослушувањето оваа недела, адвокатите на Асанж се очекува да побараат дозвола да го оспорат налогот за екстрадиција потпишан пред речиси две години од тогашната британска министерка за внатрешни работи Прити Пател.

Доколку не ги убедат судиите дека нешто не е во ред со таа наредба, Асанж мора да биде екстрадиран во рок од 28 дена – освен ако не го убеди Европскиот суд за човекови права привремено да го запре авионот со таканаречениот налог „Правило 39“.

Ник Вамос, поранешен шеф за екстрадиција во државното обвинителство, рече дека американските маршали би можеле да пристигнат во Лондон во рок од неколку дена доколку Високиот суд го отфрли случајот.

„Постои многу висок праг за интервенирање на Европскиот суд за човекови права, имено дека постои „непосредна опасност од непоправлива штета“ за неговите човекови права, што секако е еден од аргументите што Високиот суд во Лондон сака да го отфрли“, рече тој.

Говорејќи за Би-Би-Си, Стела Асанж вчера рече дека нејзиниот сопруг нема да преживее во американски затвор и дека случајот е политички мотивиран.

„Овој случај ќе утврди дали ќе преживее или ќе умре“, рече таа.

Џулијан Асанж се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш од 2019 година, додека трае случајот со барањето на САД за негова екстрадиција.

Tags: АсанжСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ