• Latest

Предисловие за себенадминување

March 2, 2024

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Предисловие за себенадминување

Една европска држава може да биде навистина европска само ако во срцето го има морето, секако во една метафоричка смисла – мислејќи на отвореноста на умот, себенадминувањето во животот и прифаќањето на различноста како квалитет.

March 2, 2024 09:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЛАТКО ДЕЛОВСКИ

Жорж Сименон во еден брилијантен расказ со наслов „Граници”, вели: „Мала земја е онаа земја која некогаш била голема и се сеќава на тоа” (веројатно како нашата). Токму на границите, (а Битола денес реално е погранична) се мери себството и национализмот на сиот ужасен немир што се провлекува низ историјата на човештвото.

Ако одиме, пак, од другата стана на границата, во Грција, само Wes Anderson, преку страшната симетрија на границата, може лесно да иронизира како нерамноправно и немоќно се чувствувал последниот витез – обичниот селанец од село Буф (денес Akritas – што на грчки значи: граничар) пред многукратниот тогашен џин што му ја одзел слободата, ставајќи му граница. Размислувајќи за тоа во „неговиот“ хотел (прекрасен објект во с. Писодери, налик на The Grand Budapest hotel), Вес Андерсон би стигнал до идејата дека битката за границата е битка со ветерници.

Една култура е одраз на колективниот човечки дух, филтер низ кој душата навлегува во материјалниот свет на заедницата. Па си велам, што може да биде поосамено од принудно да се биде окован во немство, да се биде бледа рефлексија на последниот човек кој чекорел слободно во наводници низ туѓа земја. Нема поуспешно морално мртвило од истребувањето на слободата! Па се прашувам, што значи да ставиш граница, за двојни болки срцето да го кинат: одавде и отаде границата? Да замолчиш гласови и народ, да уништиш уникатни визии за животот.

Кога слободата ќе биде капитализирана во превласт доаѓа до криза во мислата и идентитетот. Оваа криза се раѓа од самата говорница на моќта на деспотизмот што говори унисоно преку гласот на едномислието, истиснувајќи ја полифонијата. Од друга страна, поимот за Европа, забележал Федерико Шабо, се формирал токму според тие спротивставености, т.е дијалектички: повеќе вистини во конфликт. И оттука, за да постои Европа, мора да постои и нешто што не е Европа. Првиот плод на оваа разлика, првата спротивставеност, онаа меѓу Европа и Азија, се раѓа токму во Медитеранот (каде  културолошки припаѓаме и ние) во чие море се имаат измешано многу народи, и начелно е дело на грчката мисла, вели Шабо. Она што јасно се забележува кај Херодот, Аристотел и Есхил е разликата меѓу духот на слободата што ги оживува грчките полиси и азискиот деспотизам. Во нивниот центар, се мисли на полисите, не се наоѓа Кралската палата или храмот, туку агората, место каде сите луѓе се среќаваат рамноправно едни на други, место каде не постои само една вистина, туку повеќе вистини во конфликт. Дијалектиката е единство на тие спротивставености, борба и флуидност, безграничен тек, широко распространета примена и контакти со разни философски учења, разговор, дебата, вештини, логични аргументи итн.. И оттука, трговскиот центар со агората е многу повеќе од обично место на размена на стоки, тоа е место каде се издига многугласието на градовите од грчкот архипелаг над едногласието на религиозниот или империјалниот збор.

Претеча на Европа, како еден вид на пред-Европа, е токму Медитеранот (во чие лоно е и Балканот), затоа меѓу медитеранскиот и европскиот дух постои многу близок континуитет, и географски и духовно обележан во морето. Европа е Медитеран во големо, затоа што и за неа морето постојано е близу и не постои ниту една точка од која е тешко да се дојде до него. За да дојде до море еден Балканец не треба да помине повеќе од 200 км. Ниту еден Англичанец не живее на растојание од брегот поголемо од 150км. Хегел вели: „Во Азија морето нема важност, народите дури и ги имаат затворено портите за морето. Во Индија религијата категорично има забрането да се плови по море. Во Европа, пак, она што е најзначајно е нераскинливата врска со морето“. Во Морето е имплицирана онаа посебна тенденција кон надворешното, отадестраното, кон другото, отворениот хоризонт на мислата, на далечниот поглед, трансцедентноста, постојаната побуда за патување итн. Една европска држава може да биде навистина европска само ако во срцето го има морето, секако во една метафоричка смисла – мислејќи на отвореноста на умот, себенадминувањето во животот и прифаќањето на различноста како квалитет.

Накрај, кога велам Европа, мислам и на Македонија, иако, чинам, дека некогаш го губи бескрајот на морето и наместо да ита по еден добро асфалтиран евроинтеграциски процес, заглибува во макадански патишта или чмае в место. Од друга страна, мислата дека сѐ може да се збие бргу, без да се решат внатрешните проблеми во нашата земја, е илузија која може да роди патологии. Затоа, во основа му давам голема важност и приоритет на разборитоста и искуството при подборот на активности поврзани со домашните предизвици и евроинтеграциските процеси. Постојат неколку димензии на искуството што можат да се остварат само така. Такви се самоактуализацијата и спознанието.


Влатко Деловски е дипломиран етнолог и маристер по културолошки студии


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ