• Latest
Талат Џафери

Џафери: Петте државни универзитети доцна ги доставија барањата за колективни договори, постапката ќе продолжи после изборите

March 6, 2024

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Џафери: Петте државни универзитети доцна ги доставија барањата за колективни договори, постапката ќе продолжи после изборите

March 6, 2024 12:13
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Талат Џафери

Талат Џафери

Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот премиер Талат Џафери во однос на протестите на пет државни универзитети рече дека тие доцнеле со доставување на нивните барања за колективни договори, за разлика од Универзитеот „Св. Кирил и Методиј“ кој го доставил барањето одма после последните избори. Тој вели дека во време на избори не може да се пристапи кон нови колективни договори и дека затоа решението е да продолжи постапката по изборите.

-Решението е да се чека да се завршат изборите. Собранието е основач. Собранието ниту е политичка партија, ниту е личност. Собранието е државна институција и тоа највисок орган. Во кој било формат после изборите продолжува процедурата започната по однос на барањата. Кој и да е претседател на Собранието и кој и да е составот на наредното мнозинство ќе мора да го овласти претседателот на Собранието затоа што актуелниот после избори физички нема време тоа да го прави. Во време на избори не може да пристапи кон ова, значи решението е да продолжи постапката по изборите. Имајќи предвид дека искуствено оние слабости што ги имаше барањето на УКИМ веќе се надминати затоа што имаа сите примерок од содржината како треба да изгледа целината на договорот што го имаа од УКИМ како пример, им го дадов уште таму кога беа кај мене, така што полесно ќе може да се заврши процедурата, истакна Џафери на денешната прес-конференција.

Додаде дека тие не биле дискриминирани, туку сето ова се случува поради тоа што немале формирано навремено синдикати, односно немале самостојни синдикати, туку некои од нив биле членови само како општи синдикати на МОН. Во однос на тоа премиерот го даде примерот на Универзитетот „Мајка Тереза“ како најнов универзитет, коишто формирале синдикат откако им било укажано за тоа од негова страна.

Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот организираа протести каде што побараа потпишување на колективен договор на овие универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, во однос на ова прашање вчера изјави дека со оглед на актуелната ситуација кога не може да се потпише колективен договор со универзитетите, пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.

Коалицијата „Вреди“н вчера исто така одржа прес-конференција во врска со ова прашање посочувајќи дека со оставање на пет јавни универзитети вон колективниот договор, и како резултат на истото без зголемување на платите за 22 проценти, Џафери ја навредува интелектуалната елита.

Харис Сулејман

Tags: државни универзитетиколективни договориТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ