Заклучно со 8 март на полноќ завршува рокот за собирање потписи за кандидати за претседател. Во изминативе два дена до Државната изборна комисија доставени се Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од се Гоце Ристов и Драган Николовски.
Кандидатите за претседатели потписите ги собираат во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежни нотари.
Кандидатот за претседател Томе Николовски, без ниту еден потпис, на својот Феjсбук профил начинот на собирање потписи го прогласи за нелегитимен, а денеска го охрабири „македонскиот народ дека излезот од криза лежи во него“.
Што се однесува до рејтингот на другите кандидати според информациите од ДИК, засега во трка се се 7 кандидати за претседател.
- Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ – 22.411
- Гордана Сијалновска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ – 28.086
- Арбен Таравари, 10.710
- Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ – 11.605
- Бујар Османи, кандидат на ДУИ – 11.085
- Билјана Ванковска Цветковска, кандидат на Левица – 10. 500
- Стевчо Јакимовски – 11 202
Останатите кандидати на перетседатели:
- Мерсиха Смаиловиќ кандидат на Бошњачкиот демократски сојуз – 1 876
- Вело Марковски – 1.551
- Ѓорѓи Манасков – 468
- Зорица Цветковска – 255
- Господин Попоски- 137 потписи
Според роковникот на ДИК за Претседателски избори 2024, листите на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат најдоцна на 19 март, до полноќ, односно 35 дена пред денот на одржување на изборите. ДИК утврдената единствена листа на кандидат за избор на претседател ќе ја објави најдоцна 25 дена пред денот на одржувањето на
изборите во „Службен весник на Република Македонија”, најдоцна на 29 март, до полноќ. Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна на 28 март.
Б. Ј.