• Latest
Фото: МИА

Усогласен Механизмот за финансирање на Планот за раст на Западниот Балкан

April 4, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Усогласен Механизмот за финансирање на Планот за раст на Западниот Балкан

April 4, 2024 13:28
in ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателството на Советот на ЕУ и претставници на Европскиот парламент постигнаа договор за Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, која е централен инструмент за финансиска поддршка на Планот за раст на регионот што го промовира Еврокомисијата во ноември 2023 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Со овој инструмент се обезбедуваат финансии за реализација на Планот за раст на Западниот Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кои ќе опфатат две милијарди евра грантови и четири милијарди евра позајмици за земјите од регионот, вклучително и најмалку 800 милиони евра за Северна Македонија.

Овие средства ќе претставуваат надополнување на постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА 3), со што значително ќе се зголеми финансиската помош од ЕУ за државите од Западниот Балкан.

Како што соопшти денеска Европската комисија, Механизмот ќе им пружи поддршка на партнерите на ЕУ од Западен Балкан во спроведувањето на реформи поврзани со приближувањето кон Унијата и ќе го стимулира нивното економско поврзување со блокот, врз основа на амбициозните реформски агенди.

– Механизмот, исто така, ќе промовира усогласување на партнерите со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на ЕУ со цел нивно идно членство во Унијата, додава ЕК во соопштението.

Согласно процедурите на ЕУ, договорениот текст на Регулативата за воспоставување на Механизмот сега треба да биде одобрен од Европскиот совет и од европратениците.

Станува збор за законски текст што го регулира функционирањето на инструментот за финансиска поддршка на Планот за раст на Западниот Балкан, чија цел е поттикнување на демократскиот, економскиот и социјалниот напредок на земјите од регионот аспиранти за членство во ЕУ, промоција на поголема регионална соработка и стабилност и постепеното приближување на овие држави кон структурите на Унијата.

Основна премиса на идејата на Еврокомисијата при предлагањето на Планот беше целосната убеденост во европската перспектива на земјите од Западниот Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и потребата од зајакнување на блиските културни, историски и географски врски и меѓусебната соработка во голем број важни области.

Со овој инструмент уште еднаш се потврдува недвосмислената посветеност на идното членство на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија и се повикува на забрзување на процесот врз основа на заедничките вредности за почитување на принципите на демократијата и владеењето на правото, спроведување на веродостојни реформи од страна на државите во регионот и правична условеност.

Како доказ на оваа своја посветеност, ЕУ обезбедува значителна помош и финансиска поддршка за земјите од регионот за да се дојде до нивна постепена интеграција во единствениот европски пазар, на што би претходела силна соработка, европска поддршка и регионална интеграција, како и зајакнување на трговските и економските односи како клучен фактор за успешна реализација на заедничките цели.

Механизмот за реформи и раст на Западен Балкан значително ќе ја зголеми финансиската помош на ЕУ за регионот наменета за поддршка на социо-економските и фундаменталните реформи и за целни инвестиции.

Tags: ЕУЗападен Балкан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ