• Latest
Фото: Х

Бајден и Кишида најавија зајакнување на воената соработка меѓу САД и Јапонија

April 11, 2024
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден и Кишида најавија зајакнување на воената соработка меѓу САД и Јапонија

April 11, 2024 08:03
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Х

Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида вчера во Вашингтон најавија зајакнување на воената соработка меѓу двете земји и развој на нов систем за противракетна одбрана.

– Ова е најзначајната надградба на нашиот сојуз откако е формиран, рече Бајден на прес-конференција во Белата куќа по двочасовниот разговор со Кишида на теми како што се тензиите во Индо-пацифичкиот регион и војните во Украина и Појасот Газа.

Кишида рече дека со американскиот претседател разговарал и за тензичните односи меѓу Тајван и Кина и оти изразиле подготвеност да го зачуваат меѓународниот поредок заснован на владеење на правото.

– Едностраните обиди за промена на статус кво со сила или принуда се апсолутно неприфатливи каде и да се случат, рече Кишида.

САД и Јапонија ќе продолжат да одговараат на таквите акции, вклучително и од Кина, додаде јапонскиот лидер.

– Што се однесува до руската агресија врз Украина, денешна Украина утре може да биде Источна Азија, предупреди Кишида.

Најавите за зајакнување на сојузот меѓу двата непријатели од Втората светска војна ја претставуваат најтесната соработка меѓу Токио и Вашингтон откако тие станаа сојузници пред неколку децении.

Бајден најави дека двете армии ќе соработуваат преку заедничка командна структура и заедно со Австралија ќе развијат нова ракетна одбранбена мрежа. Двајцата лидери најавија и дека јапонски астронаути ќе учествуваат во мисиите на НАСА на Месечината.

Кишида денеска ќе се обрати пред американскиот Конгрес и ќе им се придружи на Бајден и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор на средбата што се очекува да биде фокусирана на кинеските претензии во Јужното Кинеско Море.

По повод средбата, САД и Јапонија финализираа околу 70 договори за одбранбена соработка, вклучително и надградба на американската воена команда во Јапонија. Состанокот доаѓа во време кога Кина го засилува притисокот врз Филипините во Јужното Кинеско Море поради областите кои Пекинг ги смета како свои, а кои според меѓународното право им припаѓаат на Филипините.

Tags: ЈапонијаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ