• Latest
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мултиетничката стратегија на Ахмети

April 11, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мултиетничката стратегија на Ахмети

April 11, 2024 10:23
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Европскиот фронт е еден вид нова политичка верзија на мултикултурниот (интеркултурниот помалку) концепт кој прво беше заевистички, а потоа владин
  • Првата мултиетничка коалиција на ДУИ се случила во 2006 година, кога на парламентарните избори стапува во коалиција со Демократската лига на Бошњаците
  • ДУИ со поголем број на пратеници се обидува да оневозможи формирање на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ со албанската опозиција, а во случај да се формира коалиција со СДСМ да го зачува премиерското место

СЕФЕР ТАХИРИ

Али Ахмети кога се наоѓа во тесно, во политичка смисла, наоѓа нови модели за излез од тешката позиција.

На минатите избори од „нигде негде“ против коалицијата меѓу Алијанса на Албанците и Алтернатива мајсторски излезе со формулата „ДА за премиер Албанец, зошто да не?“ (на албански Pse jo, формулација која почна да се употребува на шега и меѓу Македонците).

На овие избори, Ахмети вели дека игра во „супер лига“ што според мене значи дека сака да го напушти етничкиот концепт и да се натпреварува со големите македонски партии. Водачот на албанскиот воен отпор нуди мултиетничка коалиција! Спортски би рекле „Људи јели је то могуче“ (Луѓе, дали тоа е можно)!

Поранешниот командант на Ослободителна национална армија (ОНА) станува прагматичен лидер, кои ги соединува во Европскиот фронт, не само дел од партите на Албанците, кои беа негови лути довчерашни ривали, туку и партии од турската, ромската и бошњачката заедница. За оправдување, ќе изјави дека во 2001 во редовите на ОНА имало и припадници на заедниците.

Фронтот е еден вид нова политичка верзија на мултикултурниот (интеркултурен помалку) концепт „Едно општество за сите“ кој прво беше заевистички, а потоа владин концепт на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, а потоа наизменично Алтернатива и со Алијанса.

Иако во медиумите и јавноста, блиски до ДУИ, се афирМира наративот дека прв пат една политичка партија на Албанците ги соединува партиите на заедниците, тоа не е вистина. Тоа е пропаганда, која не ѝ оди на прилог токму на партијата на Ахмети.

ДУИ уште на самите почетоци не била етничка партија само на Албанците. Во 2002 година формираше огранок во Кочани, на чело со тогаш популарниот Венцо Арсов, а социјално-политичкиот експеримент не успеа во другите градови на источна Македонија.

Првата мултиетничка коалиција на ДУИ се случила во 2006 година, кога на парламентарните избори стапува во коалиција со дел од Партијата за демократски просперитет, но и со Демократската лига на Бошњаците, а во 2011 година Рафет Муминовиќ станува пратеник на оваа коалиција, иако од 2002 до 2006 беше во коалиција со СДСМ.

Исто така, се спинува дека Бујар Османи е првиот кандидат Албанец за претседател, кој се обидува да ги придобие гласовите на заедниците. Бујар е вториот, а првиот е Имер Селмани, познат и како Обама од Македонија. На изборите во 2009 година освои 147 илјади мултиетнички гласови.

Од друга страна, погрешна или, пак, ненамерно погрешна е тезата на албанската опозиција позната под името ВРЕДИ дека ДУИ и Ахмети се борат за добивање на легитимитетот во албанскиот блок, во кој според нив се соочуваат нивниот албански концепт и мултиетничкиот или како што го нарекуваат граѓанскиот на ДУИ. Тоа е само делумно точно и вистинито!

Ахмети, соочен со голема противничка коалиција ја спроведува стратегијата „секој глас е битен“ без разлика на разликите со партнерите во програмата, каузата, идеологијата или историјата на политичка конфронтација, која некогаш вклучила дури и насилство и конфликтни ситуации. Целта е да постигне што подобар резултат на првиот круг на претседателските избори, а потоа и на парламентарните избори. Со поголем број на пратеници, тој се обидува да оневозможи формирање на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ со албанската опозиција, а од друга страна, во случај да се формира коалиција со СДСМ, да го зачува премиерското место за Талат Џафери, што секако дека за социјалдемократите со ваков рејтинг би било прифатливо. Кој се концентрира на теоријата на легитимитетот „победникот со победникот“, греши!

Ахмети посакува ВМРО-ДПМНЕ да освои под 50 пратеници, а СДСМ да освои одреден број на пратеници, кој во комбинација со ДУИ и со некоја друга парламентарна партија би биле доволни за составување на новата влада. Секако двете опции теоретски се во игра. Веројатноста да се случи првото е со мал процент, а втората варијанта е само аритметичка, односно не е баш реално политичка. Барем досега!

П.С. Овие денови додека го подготвував овој текст, спектакуларно беше приведен новинарот Фуркан Салиу. Не бараме посебен законски третман за новинарите, но во иднина полицијата и другите институции треба да бидат внимателни кога се во прашање новинарите и медиумските работници, затоа што нападот врз било кој новинар е напад врз слободата на медиумите и изразувањето – темели на демократијата!

Одговорност за полицајците кои надминале надлежностите!

Северна Македонија, достојна држава за новинарската професија!

Правда за Фуркан!


Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор. 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ