„Господинот Пендаровски, а и госпоѓа Силјановска Давкова, бегаат за жал од дебати и јавно ги повикувам да се соочиме на дебати, да ги извадиме нашите програми пред граѓаните, не поради нас, граѓаните тоа го заслжуваат“, рече во изјава за МРТ кандидатот за претседател од ЗНАМ Максим Димитриевски.
Во однос на предлозите за избор на претседателот на државата во Собранието тој рече дека тоа директно го крши и Рамковниот, а и Уставот и едноставно во таа состојба ние немаме потреба од претседател на држава, ако се избира во Собранието.
Тој додаде дека ние сме парламентарна република и силата е во парламентот, иако тоа, како што рече не е случај во моментот, бидејќи гледаме како извршната власт со камшик удира по законодавната власт.
Н. А.