• Latest

Шефот на ЕУЛЕКС, Барбано: Ја следиме ситуацијата во северно Косово заедно со косовската полиција и КФОР

April 21, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шефот на ЕУЛЕКС, Барбано: Ја следиме ситуацијата во северно Косово заедно со косовската полиција и КФОР

April 21, 2024 17:56
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС), Џовани Пјетро Барбано изјави дека оваа мисија ја следи општата безбедносна ситуација околу избирачките места во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, каде што се гласа за разрешување на сегашните градоначалници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Барбано на платформата „Х“ објави дека мониторингот на ЕУЛЕКС се врши во координација со косовската полиција и мисијата на НАТО во земјата, КФОР.

In coordination with KP and KFOR, #EULEX is monitoring the overall security situation around the polling stations in the 4 municipalities wherein the vote on the recall of mayors is taking place.

— Giovanni Pietro Barbano (@EulexHoM) April 21, 2024

-Во координација со косовската полиција и КФОР, ЕУЛЕКС ја следи општата безбедносна состојба околу избирачките места во четирите општини каде се гласа за смена на градоначалниците, напиша Барбано.

Граѓаните во четирите општини на северот на Косово, Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин-Поток, Звечан, денеска гласаат дали сакаат да ги разрешат актуелните општински градоначалници.

Албанските градоначалници на општините од северот ги добија мандатите во април минатата година на избори кои исто така беа бојкотирани од Србите, со повикот од најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, како и на други субјекти кои ја претставуваат таа заедница.

Судејќи според многу малиот одѕив на гласачите – до 11 часот гласале само 85 од над 44.000 запишани гласачи, повеќе од сигурно е дека овој референдум ќе пропадне.

Според Управното упатство на Владата на Косово, за гласањето да биде успешно, треба да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполни овој услов, тогаш вонредните избори ќе се одржат во законските рокови.

Во случај учеството да биде помало од 50 отсто, тогаш гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.

Поранешните српски градоначалници на општините поднесоа оставки во ноември 2022 година по одлуката на Владата за промена на српските со косовски регистарски таблички. По неколку месеци, на 23 април 2023 година, се одржаа нови избори на север, но истите беа бојкотирани од Српска листа и од српските граѓани.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЛЕКСКосовска полицијаНАТО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result